Кејт и Вилијам сосема поинаку ги воспитуваат децата од Меган и Хари: Овие слики го докажуваат тоа!

Воопшто немаат ист пристап

Што мислите, чиј метод е подобар?

Принцот Хари и војвотката од Сасекс, Меган Маркл, се чини дека имаат сосема поинаков пристап кон родителството во однос на принц Вилијам и Кејт Мидлтон. Имено, објавени се фотографии кои покажуваат дека нивните деца сосема различно се однесуваат.

DailyMail објавиле ексклузивни фотографии што го прикажуваат опуштеното издание на семејството на принцот Хари. Тие ги изненадиле минувачите кога се појавиле на Денот на независноста на 4 јули во Вајоминг. Со нив бил и нивниот тригодишен син Арчи. Тие исто како и „обичните“ луѓе седеле на плочникот и ја гледале поворката со синчето.

Исто така, претходно објавиле и фотографија од божиќната честитка во слично опуштено издание, што даде природна слика за нив како семејство.

Во меѓувреме, кралската експертка Даниела Елсер рекла дека Вилијам и Кејт се многу различни во однос на оваа двојка, кога станува збор за начинот на фотографирање на нивните три деца Шарлот, Џорџ и Луис. Фотографиите од децата на семејството на војводата од Кембриџ ретко се објавуваат надвор од закажаните кралски настани.

Тука спаѓаат и внимателно одбраните фотографии објавени од приватни семејни настани, што укажува на нивниот внимателен пристап при претставувањето на младите членови на кралското семејство. Елсер рекла дека самите фотографии како такви не се впечатливи, но покажуваат значаен контраст.

„Фотографиите сами по себе не се ништо неверојатно. Многу слатко момче со лижавче како ја гледа парадата, Меган е лежерно, но шик облечена, а Хари е во своето вообичаено ‘брадесто’ издание. Но овде значајно е тоа што таквите фотографии воопшто се направени“, заклучила таа.

Дали некогаш сте виделе слични фотографии од Вилијам и Кејт, односно од децата на војводата и војвотката од Кембриџ?

Меган и Хари, кои живеат во Калифорнија, ја чуваат својата приватност и ретко се појавуваат во јавност, особено со децата. Но овој пат направиле исклучок. Странските медиуми пишуваат дека луѓето на улица најпрво не ги препознале, бидејќи не се истакнувале од останатите, но и дека биле пријатно изненадени од нивната пристапност.

Од друга страна, сведоци сме на тоа дека однесувањето на децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон со денови го засмејуваше целиот свет.

Случаен минувач го фотографирал малиот Арчи: Сите се прашуваат како може да живее вака?!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.