Случаен минувач го фотографирал малиот Арчи: Сите се прашуваат како може да живее вака?!

Пресладок!

Брачната двојка Сасекс го напушти британското кралско семејство и се отсели во Америка, па така и вестите за нив се сè поретки

Сепак, тие и понатаму привлекуваат внимание, па така случаен минувач го фотографирал малиот Сасекс.

Хари и Меган го средија својот живот во Америка, далеку од медиумското внимание. Сега на социјалните мрежи се појавија фотографии од американската парада за 4 јули, на кои се гледаат Меган, Хари и тригодишниот Арчи на парадата во Вајоминг, каде што славната двојка се дружела со пријатели.

Меган за парадата одбрала едноставни црни фармерки што ги комбинирала со бела маица и шешир. Фотографиите откриваат дека на настанот дошла со синот, кој на 6 мај го прослави третиот роденден.

Хари и Меган, обајцата едноставно облечени, се вклопила во толпата што излегла на улица за да ја гледа парадата. Минувачите што ги препознале биле воодушевени.

„Смешна приказна. Бевме на парадата и еден висок човек двапати ни кажа дека чува места за некое семејство. Си помислив дека тоа сигурно не е кралското семејство. Но една минута подоцна, се појавија Меган Маркл и принцот Хари со малиот Арчи“, напишала анонимна жена на социјалните мрежи.

Минатиот месец, двојката по подолго време ја посети Велика Британија, каде што учествуваа во прославата на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета. Тоа беше нивната прва посета по 2020 година, а со нив се појавија и Арчи и едногодишната Лилибет, која конечно ги запозна кралицата и другите членови на семејството.

Меган Маркл го покажа синот по 2 години: Арчи е цел на принцот Хари, а ова му е омилената занимација!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.