Многу лесно се приготвува: Турска пита со месо и без квасец!

Пробајте!

Нема да ви треба голема умешност за да ја приготвите оваа гурманска пита со месо

Само внимателно следете ги нашите упатства и ќе приготвите јадење од соништата.

Состојки:
  • 500-600 г брашно
  • 2 мали лажички сол
  • 2 јајца + 1 белка
  • 200 мл млеко
  • 100 мл вода (водата се додава постепено додека го месите тестото)

За филот:

  • 400 г мелено месо по ваш избор
  • 3 главици кромид
  • 1 страк млад кромид
  • 5-6 лажици врела вода
  • сол, бибер, ѓумбир, куркума
  • 100 г путер
  • 150 мл масло, за премачкување на користе
  • 1 жолчка за премачкување
Приготвување:

Замесете тесто, а потоа поделете го на четири топчиња и оставете го да отстои во фрижидер околу половина час. Пригответе фил од меленото месо и од наведените зачини. Расучете ги сите топчиња во големи кори и оставете ги на страна.

Следува филувањето: прво ставете путер на расучената кора, потоа фил, па втората кора и така додека го потрошите материјалот. Завиткајте го сето тоа во голема ролна што ќе ја свиткате во круг. Оставете ја питата да отстои, па печете ја 30 минути во загреана рерна на 180 степени.

Шпанска пита со пилешко месо – брзо се приготвува во секоја пригода!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.