Шпанска пита со пилешко месо – брзо се приготвува во секоја пригода!

Шпанската пита со пилешко мевце е комплетен оброк, а може да се приготвува во кој било период од денот!

Состојки:
200 г варено пилешко месо
200 г брокули
4 јајца
3 лажици млеко
200 г младо кравјо сирење
3 лажици пармезан
сол по вкус
бибер по вкус
масло по потреба

Приготвување:
Брокулата поделете ја на цветчиња и варете ја три минути во врела вода. Исцедете ги, потопете ги цветовите во ладна вода и повторно процедете ги. Исечкајте го на коцки вареното пилешко месо. Мал тркалезен калап намачкајте со масло и распоредете ги во него пилешкото и брокулата, а врз нив издробете го сирењето.

Изматете ги јајцата, додајте млеко и пармезан, посолете и и зачинете со црн пипер, па прелијте ги врз месото и брокулите. Печете 20 минути во загреана рерна на 200 степени. Штом порумени, извадете ја питата и веднаш послужете ја.

Španska pita s piletinom-brzo spremna za svaku priliku

Фото: Shutterstock

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.