Дневен ХОРОСКОП за ПОНЕДЕЛНИК (6 јуни 2022)

Дознајте каков ден ве очекува!

Близнаците се плашат од доминантноста на партнерот, терезиите ги гуши љубомората на саканата личност, а водолиите се магнет за спротивниот пол.

ОВЕН

Комуникацијата со колегите не ви е на ниво, од некои дури и ви се смачи. Не нервирајте се, наскоро нештата ќе се сменат во ваша полза. Ќе добиете повеќе пари, но бидете трпеливи. Тешко успевате да најдете заеднички јазик со вашиот партнер. Настинка.

БИК

Периодот е поволен за биковите што се занимаваат со уметност или јавна работа. Ќе мора да бидете мудри и да им се додворувате на шефовите за да го добиете заслуженото. Имате впечаток дека партнерот ве запоставува и не ви дава ни приближно нежност и внимание колку што заслужувате. Појдете на забар.

БЛИЗНАЦИ

Внимавајте да не направите грешки што би можеле да ви го забават напредокот во кариерата. Не бунтувајте се за да не се доведете во ситуација да се извинувате. Партнерот е многу подоминантен од вас, и тоа вас плаши. Играте своја игра за да ги прикриете чувствата, но залудно. Можни се вирусни инфекции.

РАК

Многу сте децидни, не сакате компромиси. Бидете малку пофлексибилни и однесувајте се во согласност со моменталните околности. Гледате исклучиво од сопствен агол. Токму затоа доаѓа до расправии. Внимавајте да не направите некој радикален потег поради кој ќе се каете. Одлично здравје.

ЛАВ

Влегувате во еден понапорен период. Деновиве би можеле да си ја прецените позицијата и да направите нешто за што подоцна ќе се покаете. Во љубовта ве очекуваат динамични случувања. Преку ноќ би можел да се смени вашиот однос кон саканата личност, бидејќи ја држевте на дистанца.Зајакнете го имунитетот.

ДЕВИЦА

Дочекавте да сте во центарот на настаните и другите настојуваат да ја стекнат вашата наклонетост. Од она што ќе го сработите во овој период ви зависи деловниот статус до крајот на годинава. На нишан сте му на едно лице кое досега го избегнавте, но некој скорашен настан ќе смени нешто кај вас. Можни се проблеми со органите за варење.

ТЕРЕЗИЈА

Очигледно не сте свесни за вашата позиција во туѓите очи и тешко се снаоѓате во тој вител. Не избрзувајте со одлуките, туку обратете им се на поискусните од вас за да ви помогнат да го изберете вистинскиот пат. Ако сте во врска, имате впечаток дека партнерот ве оптоварува со својата љубомора, која инаку не сака да ја признае. Напнатост и премор.

СКОРПИЈА

Многу нешта посакувате но не успевате да ги реализирате. Вистинските нешта допрва треба да се случат во мај, а дотогаш опуштете се. Имате нагласена потреба за задоволства и уживање, но со партнерот постојано сте во некакви искри. На слободните им претстои нова љубов. Одлично здравје.

СТРЕЛЕЦ

Во втората половина на мај би требало да ви се случи најбитното во вашата работа. Можни се договори што ќе ви донесат многу пари.

Емотивниот живот ви претрпе осцилации и во основа бевте задоволни со него. Партнерот немаше разбирања за вашата работа. Чувајте си ги рацете од повреди.

ЈАРЕЦ

Финансиите ви се главна преокупација. Мудро трошете ги парите, бидејќи би можеле да се заглавите. Некои нешта ги гледате полоши отколку што се, а воопшто не се лоши. Малку ведрина нема да ви биде вишок. Некоја терезија би можела да ви го разбранува животот. Чувајте го грлото.

ВОДОЛИЈА

Во овој период многу полесно ќе доаѓате до пари, било да се работи за наплата на заостанати долгови, подигање кредит или за продажба на недвижнина. Ѕвездите од вас ќе направат магнет за припадниците на спротивниот пол. Можни се проблеми со колената.

РИБИ

Најбитно е да не направите грешка во деновите што доаѓаат со која би ги расипале досега постигнатите резултати. Лицето што ви е во мислите би можело деструктивно да влијае на вас. Поради времето што го одвојувате за него, губите од концентрацијата на работа, што не е добро. Можни се повреди со остри предмети.

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.