Тамара Тодевска е неутешнa: Во оваа невола апелира да ѝ помогнат добрите луѓе!

Пејачката се расплака

Фото: Инстаграм

Поп-пејачката Тамара Тодевска објави  дека го изгубила своето домашно милениче, кучето од расата „кокер шпаниел“ по име Хачи.

Оние кои ја следат на Инстаграм, знаат колку често таа споделуваше видеа и фотографии од неговите згоди и незгоди.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

На социјалните мрежи се споделува апел за сите хумани луѓе, љубители на животните да помогнат да се пронајде Хачи, кој многу им значи на Тамара, на нејзините деца и на сопругот.

Поп-ѕвездата низ солзи раскажува дека е многу лута на оние кои ја осудуваат дека миленикот е загубен повторно за кратко време. Минатиот пат, кога Тамара мислела дека Хачи не е во нивниот дом, тој спиел во спалната соба.

Хачи е последен пат виден на планината Водно, и постои можност да е се’ уште некаде на реонот Водно-Црниче.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.