Топ 5 разводи на македонската естрада: Кратко, ама слатко! (ФОТО)

Не издржаа...

Бројот на разводи во нашата земја од година во година е се поголем, а ваквиот тренд не ги поштеди ниту познатите личности од македонската естрада.

Во поседниве неколку години ги имаше многу и токму кај познатите личности. Екипата на „Убавина и здравје“ направи една ретроспектива на најпопуларните разводи на македонската естрада.

Ќе ве потсетиме на неколку од нив:

Тамара Тодевска и Александар Димитровски – Мачка. Парот се венча во 2015 година, а се разведе после 7 години, односно во 2022 година. Од нивниот брак имаат две дечиња.

Катарина Ивановска и Цобе. Парот долго време беше во љубовна врска, но по се изгледа никогаш не се заколнаа на вечна љубов. Тие после долги години врска се разделија, а од нивната љубов имаат две деца.

Сања Ристиќ и Дејан Пецаковски. Ова е „најтазе“ парот кој се раздели. Иако и двајцата се немаат огласено на оваа тема, во градот веќе на големо се зборува за нивната разделба. Тие од бракот имаат два прекрасни сина.

Кратко траеше бракот и на пејачката Елена Ристеска и нејзиниот поранешен партнер Бојан Ивановски. Тие во брак беа само три години.

Пејачката Туна Сејдиу немаше среќа ниту во двата брака. Таа во првиот брак беше мажена за бизнисменот Рилинд Река, а во вториот за косовскиот пејач Патрис Бериша.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.