Тамара Тодевска вљубена до уши: „Лука, ти си мојот ангел!“

Никогаш посреќна

Поп-пејачката Тамара Тодевска е повторно вљубена. Нејзиното срце го освои младиот архитект од Скопје Лука Радовиќ.

Чаршијата наголемо зборуваше за нивната љубов гледајќи ги вљубените гулапчиња низ скопските кафулиња, а потврда утринава добивме и од пејачката, која првпат објави заеднички фотографии на социјалната мрежа Инстаграм, притоа илустрирајќи ја нивната љубов со песната во која му порача на саканиот Лука дека „тој е нејзин ангел чувар“.

Тамара неодамна се разведе со бившиот кошаркар Александар Димитревски – Мачка, со кого беше седум години во брак и ги доби ќерката Хана и синот Дарен. И покрај разделбата со Мачка, не е тајна дека тие се во коректни односи, заради децата, заедно ги прославуваат родендените на наследниците, и неодамна објавија заеднички фотографии.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.