Вознемирувачка содржина: Карлеуша сподели фотографии од брутално убиено куче – „Не смее слободно да шета, станува збор за психопат“ (ФОТО)

Глетката не е за чувствителни лица

Пејачката Јелена Карлеуша апелираше до јавноста да реагира на монструозното злосторство извршено врз куче. Познатата пејачка сподели вознемирувачката фотографија на која може да се види несреќното животно, со залепена муцка и  врат, врзано за метален сплав за да се удави во најлошата агонија.

Мора да откриете кој го направил ова! Дали разбирате?! Тој не може слободно да движи! Претставува опасност за заедницата, бидејќи е психопат – напиша пејачката покрај ужасната фотографија на мртвото куче.

На страницата што ја има споделено пејачката е истакнат текстот во врска со ова злосторство врз невиното суштество:

Дали можете само да замислите за каква смрт се работи? Злосторство? Колку болка и страдање? Зошто? Дали е навистина можно никој никогаш да не види или да не знае нешто? Известена е полицијата, а доколку некој има некаква информација, ве молиме да не молчи. Што му паѓа на ум кога ќе помисли на вакво нешто? Какви луѓе, комшии, минувачи живеат меѓу нас? Сме виделе многу, но вакво нешто – без зборови сме! Измачена душо, патувај далеку таму, поздрави ги сите наши ангели, трчај без болка и што подалеку од овој наш расипан свет. Жал ни е – пишува на страницата на Инстаграм.

Вознемирувачките фотографии можете да ги погледнете ТУКА.

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ЗА КАРЛЕУША ПОГЛЕДНЕТЕ ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.