Филијала Тиквешија е најуспешната филијала на Штедилница ФУЛМ во 2023 г.

Заедно можеме многу повеќе

„Филијала Тиквешија ја водат пет жени и сметам дека жените се голем двигател за успех на секое поле.“

„Со 22-годишно работно искуство, навистина сум горда на постигнатите резултати“, одговара Сијка Габева, раководителка на Филијала Тиквешија, на нашето прашање: што придонесе најмногу за успехот на филијала Тиквешија?, и додава:

Нашиот успех се должи на добриот тим полн со енергија и ентузијазам. Сметам дека клучот за успех на секоја компанија е да поседува тим кој има ведар дух и голема амбиција за успех, а исто толку важно е тимот да го води лидер, кој секојдневно ќе ги поддржува, бодри и инспирира своите вработени.

Филијала Тиквешија ја водат пет жени и сметам дека жените се голем двигател за успех на секое поле. Затоа ФУЛМ го има својот Форум на жени лидери во кој членуваат голем број жени од целата земја. Се даваат поддршка, совети, се дискутира на најразлични теми кои се важни за доброто и деловниот успех на жените.

Како една од компаниите за пример, ФУЛМ ги става вработените и клиентите на прво место. Какво е Вашето искуство од работата во ФУЛМ? 

За Штедилница ФУЛМ дознав за време на студирањето, а потоа добив и можност да одам на пракса, открива Мартина Мркушева, најмлад вработен во филијалата, и додава:

Тогаш можев да видам како изгледа да се работи во една финансиска институција со што се разбуди и мојата желба да бидам дел од овој успешен тим. Особено сум им благодарна на моите колеги кои го споделија нивното знаење и искуства со мене. Како најмлад и најнов вработен во Филијала Тиквешија можам да потврдам дека сигурно чекорам во една институција која подеднакво се грижи за своите клиенти, за вработените и за заедницата. Работам на место каде сум среќна и исполнета, а со секојдневните разновидни активности и предизвици созревам и како личност.

ФУЛМ е позната по иновативноста и по тоа што меѓу првите фаќа чекор со промените во светски рамки. Кои се новините?

Посебно сме горди што на 17-ти ноември 2023. доделивме студентска стипендија за најдобро решение за намалување на загадувањето, која годинава поттикна и користење на AI (вештачка интелигенција). Ова е деветта година по ред како доделуваме студентска стипендија. Младите се иднината, затоа во 2009 година се формираше ФУЛМ Форумот на млади.

Форумот е место каде што нашите млади членови придонесуваат за креирање подобар финансиски и општествен живот, каде што се дружиме, разменуваме идеи и мислења за значајни теми за сите. Форумот е дел од иницијативата на WYCUP, заедно со претставници од повеќе од 100 земји во светот. Посветено работиме на спроведување на Агенда 2030 за одржлив развој.

Во насока на зелената економија ја реновиравме нашата Централа, која доби нов индустриски еко изглед. Нашите стари хартиени книшки ги заменивме со електронски преку користење на мобилна апликација за подобрување на дигитализацијата. Воведовме нови кредити и депозити Eco Green, подаривме велосипеди, еко-садливи картички со цвеќиња за да ги поттикнеме сите да размислуваат во насока на Go green (како до позелена околина), одговара Маја Лиотиковска, координатор и претставник на ФУЛМ во World Young Credit Union Professionals (WYCUP).

Како го започнавте караванот на прослави во Кавадарци по повод 25- годишнината на Штедилница ФУЛМ?

Филијалата Тиквешија секојдневно работи со многу членови, најголем дел од нив се штедачи повеќе од 20 години, а дел се и кредитокорисници. Заедно го започнавме караванот на прослави, со афтерворк-забава на која беа нашите членови, претставници на општина Кавадарци и на фирмите со кои имаме деловна соработка, нашиот прв раководител, кој е сега во пензија и многу други. На нас вработените, ни беше многу драго што после тешкиот период на пандемија видовме многу насмеани лица желни за дружба и забава, открива Ангелина Доневска, вработена во ФУЛМ повеќе од 5 години.

Дел од вработените работат од отворањето на филијалата Тиквешија, повеќе од 20 години. Што ве мотивира да работите во ФУЛМ? 

Година по година, како миг поминаа 18 години откако станав дел од оваа успешна приказна. За мене беше инспиративен период исполнет со многу можности, но и предизвици, стекнав непроценливо искуство заедно со колегите со кои соработуваме со голема посветеност и ентузијазам.

Најважно е што имаме можност за континуирани обуки, каде што учиме, се надградуваме, а и се дружиме.  ФУЛМ овозможува да се исполнат нашите желби, како и на нашите членови, а нивните насмевки и задоволство се голема мотивација за нас. Во годините што се пред мене, ќе се посветам на новите предизвици, со визија за поголеми успеси и со убедување дека ништо не е нерешливо, заклучува Билјана Грозданоска, координатор, вработена во ФУЛМ повеќе од 10 години.

Од лево кон десно на фотографијата: Ангелина Доневска, Мартина Мркушева, Маја Лиотиковска, Билјана Грозданоска, Сијка Габева

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.