Чиа смути за здрава и блескава кожа!

Брзо, здраво и вкусно...

Смути е секогаш добра идеја. Подготвенo од свежи и здрави состојки кои се лесно сварливи и навистина хранливи, што го прави совршен пијалок за појадок или вечера.

Чиа семето станува вистинска сензација, содржи најголема количина на омега 3 масни киселини, дури и повеќе отколку што се наоѓа во рибиното масло. Се бори против слободните радикали и ја прави кожата убава, здрава и сјајна.

Чиа семето содржи 30% повеќе антиоксиданси од боровинките, додека маслото од чиа е богато со протеини, витамини А, Б1, Б2, Б3 и железо, магнезиум, калиум, фосфор, цинк и бакар. И покрај многуте здравствени придобивки, чиа семето e  неверојатно решение за проблемите со кожата. Сè повеќе брендови за убавина користат чиа семиња во нивните производи за нега на кожата.

Денеска ви предлагаме едноставен рецепт, смути кое ќе ви даде многу енергија и ќе ја направи вашата кожа неверојатна:

Состојки:

1 банана
2 лажици чиа семе
3-4 свежи јагоди
300 мл. млеко или јогурт со малку маснотии

Сите состојки се ставаат во блендер и се мешаат додека смесата не стане хомогена. Уживајте во здрав и вкусен пијалок!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.