Ева Јакимовска: „Пресудно е да не ти се враќаат нозете назад кога одиш на работа“

„Среќна, задоволна и исполнета сум таму каде што сум моментално и не сметам дека нешто особено ми недостига.“

Уредничката на добро познатиот естраден ТВ-магазин „Бекстејџ“, Ева Јакимовска, постојано е во контакт со различни карактери, нејзиното секојдневје е динамично и полно со предизвици, па нè интересираше како се справува со брзото темпо на живот и што ја прави среќна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Jakimovska (@evajakimovska)

Работата на телевизија никогаш не е здодевна, но знае да биде многу напорна. Не може секој да се справи со многуте притисоци, непредвидливи ситуации и строги рокови. Сепак, тоа одлично ѝ поаѓа од рака на Ева Јакимовска, која веќе неколку години успешно жонглира со сите обврски што ги наметнува работата како уредничка на естрадниот ТВ-магазин „Бекстејџ“.

Па како изгледа нејзиниот ден и какви ритуали практикува за добро расположение?

Ранобудничка сум и денот го започнувам најчесто со планирање на тековните обврски или со веќе закажани состаноци и средби. Не практикувам некои посебни ритуали за добро расположение, но се трудам да бидам благодарна за секој нов ден и да извлечам максимум од него.

Велат дека ако ја сакаш работата што ја работиш, нема да работиш ниту еден ден во животот, а нашата соговорничка се согласува со оваа мисла:

Пресудно е да не ти се враќаат нозете назад кога одиш на работа. Јас уживам во новинарството и уредувањето и верувам дека тоа се препознава и забележува.

Секако дека не можеме постојано да бидеме насмеани и да имаме само прекрасни денови, но можеме да се сетиме дека ќе следат уште многу убави мигови и со таа мисла да го поминеме денот во кој не ни се наместиле коцките.

Во случаи кога расположението не ѝ е на завидно ниво, на Ева најмногу ѝ помага кафе-дружбата со блиските пријатели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Jakimovska (@evajakimovska)

Во човечката природа е и секогаш да се стремиме кон повеќе, но уредничката на „Бекстејџ“ не смета дека ѝ недостасува нешто особено:

Човековата листа на желби е бесконечна, но потребно е да сфатиме дека сето тоа што го имаме често е и повеќе од доволно. Јас сум навистина среќна, задоволна и исполнета таму каде што сум моментално и не сметам дека нешто особено ми недостига. Моите идни цели се уште поголем кариерен напредок и уште погледан и регионално попрепознатлив ‘Бекстејџ’.

За среќа, навистина, потребно е малку. Да се стремиме кон повеќе, но да не ја забораваме магијата на малите нешта кои се насекаде околу нас, без разлика дали станува збор за спонтано кафе со пријателите, ручек со семејството, добра книга или опуштен ден посветен на грижата за себе. Еден ден кога ќе се вратите наназад, ќе сфатите дека најмалите работи се, всушност, тие што предизвикуваат најголеми насмевки.

Подготвила: Марија Лукаревска

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.