Заборавете на алуминиумската фолија: Пакувањето на храната на овој начин е лошо за вашето здравје

Храна

Без разлика дали ја одложуваме во фрижидер или ја носиме со себе, храната најчестоја виткаме во алуминиумска фолија.

Ако пратикувате и вие да ја пакувате вашата храна во алуминиумска фолија, докторите предупредуваат тоа никако да не го правите.

Оваа фолија служи за печење, а не за чување и одложување на храната за подоцна. Храната која не сме ја изеле докрај, па сме ја одложиле за друг пат, ставајќи ја во фрижидер, обично тоа може да стои до четири дена ако правилно ја складираме. Ако храната ја ставиме во фолија, мислејќи дека така ќе се одржи свежината, се лажеме.

На бактериите им треба воздух за да можат да се размножат. Некои бактерии покрај стафилококите, произведуваат токсини кои не можат да се уништат ни на висока температура додека се готви. Кога ќе се стопли оброкот, оставете да отстои подолго од два часа на собна температура, за да можат баткериите да се размножат со голема брзина, наведува Министерството за здравство во Вашингтон.

Кога храната ќе ја покриеме со алуминиумска фолија, не ја затвораме во потполност, за да влезе воздух внатре.

„Кога е присутен воздухот, тоа помага бактериите да растат брзо, така што навистина ќе сакате да си најдете вистински стаклени садови и да ги пакувате работите на ваков начин“, објаснува Линдзи Мелоун, регистриран диететичар во Клиниката во Кливленд.

Мелоун предлага пакувањето и сладирањето на остатокот од храната да биде во плитки, херметички затворени садови, како што би го забрзале процесот на ладење и да спречат појава на бактерии во вашата храна. Храната одложете ја во фрижидер во рок од два часа, пред бактериите да имаат време да се размножат со голема брзина.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.