Нарушена бариера на кожата: Како да препознаете?

Лице

Нарушената бариера на кожата е состојба од која страдаат голем број луѓе. Нас не’ интересираше што е тоа што всушност и како се решава и лекува оваа состојба?

По повеќегодишна употреба на разновидни производи на база на киселина и ретиноид, најновиот тренд се производи кои ја негуваат бариерата на кожата. Тоа не’ доведува до едно важно прашање: што е всушност бариера на кожа?

Нарушена бариера на кожата

Бариерата на кожата е термин кој го опишува површинскит слој на кожата. Кога зборуваме за кожата, постојат три главни слоја: епидермис (најдлабок слој на кожата), дермис (среден слој на кожата во кој се наоѓа колагенот, еластинот, нервите) и поткожната маст, која ја создава бариерата помеѓу кожата и мускулите.

Зошто бариерата на кожата е важна?

Таа има две главни улоги: да ги задржат добрите нутриенти, а да ги исфрлат лошите. Бариерата го штити телото од токсини и УВ зрачење. Таа помага и телото да ја одржи природната влага, спречувајќи губење на вода. Избалансираната бариера ја одржува кожата хидрирана, сјајна и изедначена.

Знаци за нарушена бариера на кожата

Дисбалансот на бариерата на кожата може да се јави на бројни начини, вклучувајќи:

Розацеа и егзема – предизвикани од генетски дефект во бариерата на кожата

Хронична иритација на кожата

Чешање

Дехидрирана кожа

Инфекција

Споро зараснување на раните

Што ја оштетува бариерата на кожата?

Недостаток на сон

Стрес

Лоша исхрана

Ветар

Загадување

УВ-зрачење

Често миење на кожата

Користење на производи кои го тргаат природното масло на кожата

Прекумерно користење на производи на база на киселина

Прекумерно користење на јаки производи

Пушење

Нарушена бариера на кожата и како да го спречите тоа?

Бидете нежни со кожата

Избегнувајте агресивни препарати и козметички зафати. Користете производи кои одговараат на вашиот тим на кожа. Тоа најдобро ќе го знаете ако се посоветувате со дерматолог.

Водете сметка за рутината за нега на кожата. Редовно да го чистите лицето (со благо препарати), користете хидратантен крем, како и СПФ крем.

Еднаш кога на кожата ќе се појави иритација, генерално со тек на времето се влошува. Проверувајте ја кожата секој ден и користете производи кои ви ги препишал дерматолог. Никако немојте да ја лечите иритацијата на своја рака.

За крај, но и не помалку важно, водете сметка за своето тело. Фокусирајте се на здравата храна и пијте доволно вода. Избегнувајте преработена, масна и зачинета храна, алкохол и цигари. Не се изложувајте на сонце. Редовно мијте ги и дезинфицирајте ги рацете.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.