Тест: Откријте дали пиете премногу кафе

Тоа е нашиот омилен пијалак за будење, тој е придружуван од многу ритуали, а најважното е релаксација. Се разбира, зборуваме за кафе и да, знаеме – постои граница што не треба да се преминува затоа што премногу кофеин му штети на организмот.

Според некои истражувања, повеќето возрасни кои пијат кафе консумираат околу 200 мг кофеин (една до две шолји кафе) на ден, а 600 милиграми е горната граница што не треба да се надминува.

Најочигледни знаци за тоа се главоболка, раздразливост и треперење на рацете, како и очигледни проблеми со спиењето, односно несоница. И пред тоа да се случи, постои полесен начин да откриете дали внесувате премногу кофеин.

Тест на усните

Клучно е да се обрне внимание на усните. Затоа направете тест – погледнете се во огледало и проучете ги усните. Дали изгледаат испукани и дехидрирани? Потоа, погледнете го вашиот јазик – ако е обоен и не влажен и изгледа суво и со многу линии, како и усните, постои добра шанса да пиете премногу кафе.

Ова се случува затоа што кафето делува како диуретик, а утринското кафе е клучно – следува откако не сме внесувале вода во текот на ноќта. Доколку денот го започнеме со шолја кафе без вода и продолжиме да го правиме тоа, големи се шансите да изгубиме многу вода и да внесуваме премногу кофеин, објаснуваат експертите.

Затоа е многу подобра идеја да пиеме две полни чаши вода веднаш по будењето, а потоа да се префрлиме на кафе, затоа што кога сме дехидрирани, кафето нè дехидрира уште повеќе.

Ако сте љубител на кафе и не сакате да го намалите внесот, експертите ве советуваат да изберете безкофеинско кафе доколку уживате во поголемо количество затоа што овој вид кафе исто така има здравствени придобивки и е исто толку богато со антиоксиданти како и обичното кафе.

Прочитајте и: Ова е идеалната количина на кафе што треба да го пиете во текот на денот

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.