Ако заспиете со шминка, ова се чекори за следниот ден

Регенерирајте ја кожата

Веруваме дека никој од вас ја нема оваа лоша навика, но сигурни сме дека барем еднаш во животот ви се случило да едноставно немате сила, ниту време, да ја отстраните шминката од лицето пред да легнете во кревет. Дури и случајно. Ако сметате дека „само еден пат“ не може да му наштети на квалитетот и изгледот на кожата еден ден подоцна, се лажете.

Затоа што, само една вечер со шминка на лицето може да предизвикате акни, запушени пори и многу повеќе. Но, имаме совети што би било мудро да се применуваат следниот ден.

Заспавте со кармин

Ако заспавте со кармин на усните, се надеваме дека е со класичниот кремаст кармин кој обично прави помалку оштетувања од мат-течен кармин. Помалку, но сепак штети. Еве што да направите: веднаш штом ќе се разбудите, зграпчете ја првата мицеларна вода што ја гледате или масло за отстранување на шминка, а потоа направете нежен пилинг на усните. Можете да го направите сами со само 2 состојки: кокосово масло и шеќер. Потоа нанесете богат слој на мелем за усни и обновувајте го во текот на денот за да им помогнете на усните да се опорават.

Заспавте со сенка за очи / маскара

Спиењето со шминка на очите може да предизвика иритации и инфекции кои доведуваат до црвени, подуени очи, па дури и чешање, сето тоа благодарение на честичките на сенката за очи и / или маскарата кои паднале во окото. Следното утро, добро исчистете ја шминката од очите, но со понежен чистач од вообичаеното, затоа што очите сега ќе бидат почувствителни. Нежна масажа со млеко за отстранување на шминка, што ќе раствори сè, проследено со маската што претходно сте ја ставиле во фрижидер половина час, за да ја намалите подпухналоста околу очите. На самиот крај ставете капки во очите, што ќе го смири црвенилото и чешањето.

Заспавте со целосна шминка

Кога спиете со комплет шминка на лицето, очекувајте дехидрирана, уморна и безживотна кожа без сјај следниот ден. Наутро, груба кожа, запушени пори и нови мозолчиња можат да ве поздрават на места што не очекувавте! Имено, со оглед на тоа што вашата кожа не можела да се регенерира во текот на ноќта (за почеток, ослободете се од мртвите клетки на кожата), наутро ќе мора да ѝ помогнете во тоа. Прво, извадете ја шминката со помош на нежно средство за чистење или масло за чистење, а потоа направете нежен пилинг за лице. После тоа тоник, серум и крем.

Конечно, ако се разбудивте со црвена кожа, нанесете смирувачка маска за лице заснована на алое вера, пантенол, бисаболол…

И никогаш повеќе не правете го тоа!

Прочитајте и: Маска што за миг ќе го подмлади вашето лице: Ѝ ја враќа цврстината на кожата, ги отстранува флеките и брчките!

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.