Ова е идеалната количина на кафе што треба да го пиете во текот на денот

Совети од експерти

Започнување на денот со шолја кафе е ритуал за многу луѓе, но разумно е да се запрашаме дали претеруваме. Наставничката по јога Ерин О’хара вели дека кофеинот обезбедува наплив на енергија, но може да има и несакани ефекти. „Кога луѓето го намалуваат внесот на кафе од три шолји на две, тие сигурно ќе забележат дека нивното тело поминува низ промена“, вели О’Хара. Симптомите може да се движат од замор и ниско расположение преку вознемиреност до потешкотии во концентрацијата.

Таа тврди дека идеална количина кофеин на ден е 200 мг, што е еквивалентно на две шолји кафе. Луѓето кои пијат повеќе од тоа, како што истакнува О’Хара, можат да чувствуваат долгорочни последици по нивното здравје.

Секој што сака да го намали внесот на кофеин во текот на денот, овој натуропат го советува да го стори тоа постепено. „На пример, лицето кое пие четири шолји кафе на ден треба постепено да ја намалува количината на три чаши во текот на целата недела“, заклучува таа.

Прочитајте и: Наутро, напладне или навечер: Кога (не) треба да се консумира кафе?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.