Ова е јасен сигнал дека во телото се развива рак на белите дробови: Никако не ја игнорирајте оваа промена на телото!

Знак на предупредување

Докторите дошле до нови сознанија

Симптомите на рак на белите дробови вклучуваат отежнато дишење, главоболка и упорни болки во градите.

Ново истражување покажало дека и промената на бојата на белките може да укажува на рак на белите дробови.

Ракот на белите дробови е еден од најсериозните видови карцином што може да се дијагностицира, токму од причина што обично тешко е да се препознае додека не се прошири на преостанатите делови од телото.

Во ризичната група спаѓаат и луѓето чии белки добиваат жолтеникава боја.

„Ако белките пожолтат, тоа би можело да биде знак на рак на белите дробови“, предупредила британската лекарска комора.

Оваа состојба е позната како жолтица, која исто така може да предизвика и кожата да стане жолтеникава. Жолтицата е чест симптом кај пациентите кај кои ракот на белите дробови напредувал. Обично е знак дека ракот се проширил и на други делови од телото.

„Може да се случи да немате вообичаени симптоми на рак на белите дробови додека туморот не стане прилично голем“, предупредуваат лекарите.

Тоа значи дека можете да го откриете само ако направите рендгенска снимка. Ако имате тумор што се проширил надвор од белите дробови, првиот симптом може воопшто да не произлезе од вашите гради.

„Со оглед на тоа што оваа болест е подмолна, редовниот систематски преглед е задолжителен. Не чекајте да се развијат симптоми, одете на контроли“, советуваат лекарите.

Обрнете внимание додека е време: 8 симптоми на рак на бели дробови што може да се јават и кај непушачи!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.