Подарок за љубителите на пишаниот збор од „Литература.мк“

Овој и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи

Две читателки на „Убавина и здравје“ имаат можност да добијат еден од овие две ремек-дела што ни ги обезбеди „Литература.мк“.

„Лето како во ’Мама миа‛“ од Ени Робертсон

За сите обожаватели на музиката на „АББА“ и на филмот „Мама миа“, од печат излезе романот „Лето како во ’Мама миа‛“ од Ени Робертсон, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“.  Приказната во книгата се движи околу Лорел, која не ризикувала никогаш во животот. Сепак, како што се приближува летото, решена е да го направи она што никој не би го очекувал од неа. Инспирирана од музиката од омилената група „АББА“ и уште поомилениот филм „Мама миа“, го зема пасошот и се качува на лет за Скопелос, подготвена да доживее летна авантура.

Со звукот на брановитe, опкружена со прекрасни предели, Лорел го истражува островот и ужива во дружењето со ексцентричната сопственичка на шармантната вила во која е сместена.

Волшебните зајдисонца, остриот вкус на виното, мирисот на морето, преубавите плажи: сето тоа и прираснува за срце. Меѓутоа, кога ќе се наметне прашањето за враќање во Лондон, ќе мора да донесе важна одлука…

„Прашај ме повторно, ќе ти речам ’да‘“ од Мери Бет Кин

Во бестселерот „Прашај ме повторно, ќе ти речам ’да‘“ од Мери Бет Кин приказната се движи околу Френсис Глисон и Брајан Стенхоуп, двајца полицајци-почетници во њујоршката полиција, живеат еден до друг во соседство надвор од градот.

Она што се случува во двете куќи зад затворени врати – осаменоста на сопругата на Френсис, Лена, и нестабилноста на сопругата на Брајан, Ен – поставува сцена за експлозивни настани што следуваат.

„Прашај ме повторно, ќе ти речам ’да‘“ е приказна за долгогодишното пријателство и љубовта помеѓу Кејт, ќерката на Френсис и Лена, и Питер, синот на Брајан и Ен, што никого нема да остави рамнодушен. Брилијантно, емотивно и искупувачки, оваа книга открива како спомените од детството се менуваат од дистанца на зрелоста – негативците не се веќе закана, а невините и не се баш наивни.

Љубовната приказна на Кејт и Питер, тестирана од ехото од минатото, е обележана со нежност, дарежливост и милост.

Доколку сакате да ги добиете на подарок, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата.

Сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува кон крај на јули.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Читајте нè! забавувајте се нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.