ОД ЛИЧНО ИСКУСТВО: Со овес лекував воспаление на бубрег

Се покажа дека со употреба на овес можете да се ослободите од воспаление, или барем болеста да ја доведете во состојба на мирување доколку станува збор за запуштено хронично воспаление на бубрегот. Своето искуство и успешност во лекувањето ви ги пренесува наша соработничка од Русија.

Долги години страдав од хроничен пиелонефритис, па се обидов да се излечам со природни лекови. Им се обратив на тревари и од нив дознав дека некои диуретски билки може да предизвикаат влошување и засилена болка.

Значи, мечкино грозје, пупки од бреза и бобинки од смрека (лат. Juniperus) како диуретици (на пр. во случај на хипертензија или отоци) може да користат само луѓе со здрави бубрези. При пиелонефритис за таа цел се препорачуваат овес, лист од брусница и пченкарна свила, кои се благи и истовремено го регулираат забрзаното лачење на жолчката.

Меѓутоа, морам да ве предупредам: ако се одлучите пиелонефритисот да го лекувате со помош на овес, тогаш овесната каша што се продава во продавниците не е погодна за тоа.

Чекор по чекор…

На пазар купете необработени овесни зрна, со лушпа, или, уште подобро, пронајдете поле со овес или га посејте го на својот плац, па во фазата на млечна зрелост отсечете ги врвовите на билката во должина 25–30 см. Јас го направив следното: посадив овес, го одгледував, го собрав и го исушив. Важно е да се придржувате до правилата за собирање, сушење и складирање на овие лековити суровини.

Билките собирајте ги на дневна светлина. Тие треба да бидат суви, па собирајте ги откако ќе се исушат од росата. Освен тоа, овесот го собирав обрнувајќи внимание на месечевите мени, бидејќи неговата ефикасност тогаш е многу подобра.

Имено, станува збор за тоа што постои општ принцип за собирање билки: сите надземни делови на билките (врвовите) се берат при зголемувањето на месечината, поблиску до полна месечина, а корењата во нејзината опаѓачка фаза, поблиску до младата месечина (поточно, во последната месечинска четвртина).

Овесот го складирав на таван, бидејќи треба да се суши во темна, проветрена просторија, на температури од околу 40 степени. Не се препорачува сушење на сонце, бидејќи под негово влијание се уништуваат многу биолошки активни супстанции. Исушениот овес се чува во вреќи од природни ткаенини или во стаклени садови прекриени со газа. Во пластични ќеси, како и во херметички затворена амбалажа, билките стануваат влажни, мувлосуваат и на крајот пропаѓаат.

Начин на приготвување

Рецептот за третманот со овес, кој ми помогна комплетно да се  ослободам од оваа болест: четири-пет лажици овес прелејте со половина литар зовриена вода, па прекуноќ оставете го во термос. Чајот испијте го во текот на денот (пред јадење). Морам да кажам дека долго се лекував, повеќе од шест месеци, но со билките секогаш е така. Бубрезите не ме мачат веќе, а оттогаш поминаа речиси седум години.

Советува: З.Н. Петрукина, Твер

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.