Дали кафето може да ви помогне да изгубите тежина? Еве што велат експертите!

Кафето е популарен пијалок во кој уживаат илјадници луѓе секој ден. Иако повеќето луѓе го консумираат за да се разбудат наутро, има и некои други придобивки од омилениот топол напиток.

Некои студии покажаа дека кофеинот може да го забрза метаболизмот за околу 3 до 11 проценти, а колку е посилен метаболизмот, толку е полесно да се согоруваат мастите и да се губат килограмите“, вели експертот за обука и исхрана Дејвид Винер.

Сепак, кафето нема да биде доволно за да се ослободите од сантиметри во струкот.

Треба да вклучите кардиоваскуларни вежби, тренинг за сила и здрава, хранлива исхрана во секој план за слабеење за да можете да изгубите тежина на здрав и одржлив начин“, истакна тој.

Една студија, објавена во списанието Critical Reviews in Food Science and Nutrition, анализирала 13 испитувања кои ја разгледувале врската помеѓу консумирањето кафе и губењето на тежината кај повеќе од 600 учесници. Колку повеќе се консумира кофеин, толку е поголемо намалувањето на индексот на телесна маса, масното ткиво и тежината.

Сепак, постојат и студии кои покажале дека оние кои консумираат кофеин имаат повисок индекс на телесна маса и проблеми со спиењето, а кога станува збор за слабеење, спиењето е еден од најважните фактори за обезбедување резултати.

Ако не пиете кафе, нема смисла да стекнете кофеинска навика со надеж дека ќе изгубите тежина“, заклучува Винер.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.