Обожавате да слушате гласна музика? Тогаш слушнете го и ова…

Фото: Pexels

Дури милијарда млади луѓе се изложени на ризикот од губење на слухот, соопштува СЗО. Експертите сметаат дека кај милениумците и генерацијата Z слабеењето на слухот ќе се манифестира порано во текот на животот и во потешка форма.

Зошто? Затоа што често користат слушалки.

За среќа, постојат нешта што можеме да ги преземеме, а притоа да не го жртвуваме уживањето во слушањето на омилената музика.

1 Запомнете го бројот 60. Не подигајте ја јачината на звукот над 60% и потрудете се да правите 15-минутна пауза на секои 60 минути слушање.

2 Изберете „поздрав“ модел. Избегнувајте ги бубите, кои лежат директно на тапанчето – подобро изберете ги диџеј-слушалките.

3 Физичката активност е важна и за слухот! Ушите се последниот орган до кој доаѓа крвта богата со кислород, што значи дека треба да го поттикнеме крвотокот!

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.