Дневен хороскоп за ПЕТОК (4.6.2021)

Прочитајте каков ден ве очекува

Овните ги чека подобро работно место, девиците ќе имаат среќа со грепките, кај терезиите доаѓа до будење на емотивен план… Ви ја претставуваме вашата астро-пронгоза за последниот работен ден неделава.

ОВЕН

РАБОТА: Бевте нетрпеливи и премногу сакавте. Се нервиравте поради роковите што не беа испочитувани кон вас. Нештата би требало да се средат и да тргнат во ваша полза, така што би можеле да почнете со нова работа.

ЉУБОВ: Овој ден би требало да биде бурен по ова прашање, но ако не е, тогаш би можело да ви се случи нешто исклучително интересно, особено ако сте слободни. Оние што се во брак или во врска веројатно повторно се вљубуваат во својата втора половина.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со притисокот или со срцето.

БИК

РАБОТА: Периодот зад вас не е особено интересен кога станува збор за работата и за животот воопшто. Моравте да решавате некои исклучително сериозни проблеми и да работите повеќе од вообичаеното. Трудете се да издржите до крајот на денов, бидејќи ќе бидете наградени за тоа, не само парично туку и со премин на подобро работно место.

ЉУБОВ: Цврсто стоите на нозете и не дозволувате да ви се случат работи со кои не можете да владеете. Некои од вас ја раскинале врската, но вистинското време за љубов и за уживање е пред вас.

ЗДРАВЈЕ: Замор.

БЛИЗНАЦИ

РАБОТА: Влегувате во исклучително добар период, ќе работите помалку од досега, а ќе заработите многу повеќе пари. Периодот им е наклонет на оние што планираат да отпатуваат во странство или да почнат соработка со некоја странска фирма. Можни се службени патувања.

ЉУБОВ: Љубовта ви е во втор план. Имате голема желба да и се предадете на саканата личност, па затоа му изгледате несериозни на партнерот. Можно е некое ново познанство со личност од далечина. Одамна немало ваква динамика, снајдете се.

ЗДРАВЈЕ: Сосема добро.

РАК

РАБОТА: Влегувате во добар деловен период, ова особено се однесува на оние што планираат некакви промени на работното место. Борете се за подобро работно место и ќе успеете. Во овој период ќе очекувајте поддршка, туку сами обидете се да ги постигнете целите. Некој би можел да ви пречи.

ЉУБОВ: На емотивен план доаѓа до промени во односот со постојаниот партнер. Можеби нема да бидете задоволни со неговиот однос спрема вас, но тоа сепак не би требало да биде причина за ваше раскинување, туку за менување на вашата стратегија и за реално согледување на ситуацијата.

ЗДРАВЈЕ: Можни се вирусни инфекции со покачена температура.

ЛАВ

РАБОТА: Во овој период со задоволство ќе одите на работа. Позицијата ви се подобри и веројатно успеавте да го добиете посакуваното. Не би било добро во работата да внесувате премногу емоции и да реагирате бурно кога работите не се одвиваат како што посакувате вие. Можни се некои пари.

ЉУБОВ: Емотивниот живот ви е многу важен и од тоа како функционирате во врската или во бракот зависи како ќе ви се одвиваат работите на деловен план. Можно е партнерот да не ги задоволува сите ваши барања.

ЗДРАВЈЕ: Можна е меланхолија.

ДЕВИЦА

РАБОТА: Вашата ситуација е се подобра. На работното место сте во супериорна позиција. Внимавајте да не претерате во демонстрирање на вашата моќ. Прифатете ги ризиците и предизвиците, низ нив ќе покажете позначително да го зголемите вашиот финансиски потенцијал. Купете среќка, можеби токму вие ќе бидете среќниот добитник.

ЉУБОВ: На емотивен план ви претстојат динамични случувања, а во вас се насобра некакво незадоволство поради однесување на партнерот. Можно е враќањето на поранешната љубов, која би можела да внесе динамика во вашиот живот.

ЗДРАВЈЕ: Сосема солидно.

ТЕРЕЗИЈА

РАБОТА: Вашата деловна позиција се подобрува, но вие се прашувате дали ќе имате сили да истраете во она што се го почнале. Ќе сфатите дека поради преголемото тактизирање и слушање на други луѓе залудно си го арчите времето. Бидете упорни во постигнување на вашата цел. Пред крај на периодов ќе ви пристигнат пари.

ЉУБОВ: На емотивен план доаѓа до вашето будење. Долго време тагувавте и бевте повлечени во себе поради случувањата во блиското минато. Ситуацијата се врти во ваша полза. Слободните припадници на вашиот знак би можеле да ја сретнат сродната душа.

ЗДРАВЈЕ: Зајакнувајте го имунитетот, можни се настинки.

СКОРПИЈА

РАБОТА: Можно е да доживеавте помало разочарување во почетокот на денов поради материјална загуба. Колку побрзо ќе го прежалите загубеното, толку побрзо ќе почнат да ви пристигнуваат пари. Искористете ги за други цели и бидете тактични.

ЉУБОВ: На емотивен план се манифестираат крајности, или се е во најдобар ред и уживате со саканата личност, или водите војна. Жените би можеле да им бидат на нишан на шефовите. Во секој случај, динамиката ќе ви годи.

ЗДРАВЈЕ: Би требало да е добро.

СТРЕЛЕЦ

РАБОТА: Ќе почнете отворено да покажувате што мислите за надредните, со што ќе ги шокирате. Навикнати се да ги слушате и да го правите она што ќе ви го кажат. Во почеток нема да ве сфатат сериозно, но од вашите идеи ќе имате и полза. Би можеле да потпишете некои важни документи.

ЉУБОВ: До вас пристигнаа лоши вести во врска со личноста што ја сакавте до скоро, но таа не беше коректна спрема вас. Изгледа дека сфатила што загубила и би можела да дојде и да ве моли за прошка. На слободните им е можно ненадејно вљубување.

ЗДРАВЈЕ: Здравјето е добро, но расположението ќе ви варира.

ЈАРЕЦ

РАБОТА: На работа би можеле да имате помали недоразбирања со претпоставените, па обидете се да ги надминете. Во почеток на наредната недела влегувате во мошне поволен период за работа. Ќе блеснете, а подоцна ќе следи и унапредување. Бидете вредни и имајте предвид дека некој од горе ве гледа.

ЉУБОВ: Љубовта е поле околу кое се врти се во овој период. Слободните би можеле да влезат во сериозна емотивна врска. Некое пријателство би можело да се претвори во љубов, па ако не сте слободни, немојте да кокетирате на работното место.

ЗДРАВЈЕ: Помалку нервирајте се и ќе бидете здрави.

ВОДОЛИЈА

РАБОТА: ова не ви е поволен период, ќе мора да ги завршите неодложните работи и да донесете значајно одлуки, од тоа зависи како ќе ви се одвива работата во наредната година. Бидете потолерантни и прифаќајте компромиси. Колку повеќе ги слушате туѓите совети, толку ќе донесете покоректна одлука.

ЉУБОВ: На емотивен план функционирате како што ви одговара. На партнерот му давате можност да ви се приспособи. Можно е поради вашиот инает да имате проблеми со саканата личност. Но кој го нема, односот ќе му биде подобар.

ЗДРАВЈЕ: Се’ подобро, оние што имаа проблем – забрзано закрепнување.

РИБИ

РАБОТА: Уран се врати во вашиот знак и повремено ви носи нервоза и напнатост. Повторно некое старо незадоволство и потреба да го смените животот за 180 степени. Луѓето што ви се важни за работата се премногу окупирани со себеси и со своите интереси, па во нив гледате егоисти и поради тоа влегувате во конфликти со нив. Спуштете ја топката, нема причини за нервоза.

ЉУБОВ: Ова е дефинитивно лизгав период за сите вас кога станува збор за партнерските односи. Имате впечаток дека партнерот не ве забележува и дека не сака да ве разбере. Поради сето тоа бегате во некој свој свет, што не е добро. Тој не е таков каков што го доживувате вие.

ЗДРАВЈЕ: Повремени главоболки.

Текст: Душан Величковиќ

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.