Костим за капење што ги крие сите недостатоци: Ако имате вишок килограми, овој модел е како создаден за вас!

Стилски трикови за совршена фигура

Со овие совети ќе изгледате совршено и на плажа

Конечно пристигна летото, па повеќето од нас веќе размислуваат за годишниот одмор и за уживање покрај море или некој базен. Кога станува збор за списокот работи што треба да ги понесете со себе на одмор, на прво место, секако, е костимот за капење.

Кога одбираме костим за капење, главно се фокусираме на моделите што ќе ни ги покријат деловите од телото што не ни се допаѓаат и на кои не сме имале време да поработиме. Затоа, доколку сте биле мрзеливи во текот на годината и ви се залепиле вишок килограми на стомакот, без грижи, нема потреба да очајувате.

Можете да изгледате беспрекорно и на плажа и да го сокриете вишокот, само треба да го направите вистинскиот избор на костим за капење.

Костимите за капење со висок струк се многу популарни и оваа година, па тоа ни ја олеснува работата. Одберете го следниов модел ако сакате да постигнете изглед на складна фигура…

Ретро-костимите за капење се идеалното решение


Костимите за капење со подлабок долен дел се идеални за криење на стомакот. Тие убаво ќе ви спакуваат вишокот килограми и дополнително ќе ви го нагласат тенкиот струк. Освен тоа, визуелно ќе креираат фигура на песочен часовник, а токму тоа е она што повеќето жени го сакаат.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.