Сè што би требало да знаете за вашите… гаќички!

Заради интимното здравје

Природните материјали се многу важни. Сосема е нормално вагината да лачи секрет, па затоа гаќичките треба да бидат од материјал што добро впива. Синтетичките материјали, како полиестер и најлон, го собираат секретот, но не ѝ овозможуваат на кожата да дише, со што се создава поволна почва за развој на бактерии и габички.

Пресоблекувајте ги барем еднаш дневно! Се разбира, доколку се случи да се испотите, по тренинг, или ако имате обилен секрет, гаќичките треба да ги менувате неколкупати во текот на денот.

Навечер (понекогаш) соблечете ги. Не се чувствуваат сите пријатно без нив во текот на ноќта, но некои експерти тврдат дека спиењето без гаќи е многу корисно за кожата, особено кај жените склони на печење, јадеж и други пречки.

Текст: Наташа Човиновска

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.