Немојте да сте ноќна птица: Помошници за подобар сон

СПИЕТЕ СО ЗАТВОРЕНИ ПРОЗОРЦИ И ВРАТА

За време на зимата спиете со затворени прозорци и врата во спалната соба? Доволна ви е вашата несоница и не сакате дополнително да ве вознемируваат звуци за време на ноќта? Холандските научници тврдат дека отворени прозорци и врата ќе ви го подобрат сонот.

На Технолошкиот универзитет во Ајндховен биле проучувани 17 луѓе, кои прво спиеле во затворени, а потоа во отворени спални соби. Резултат? Во отворените простории нивото на јаглерод диоксид е пониско, што овозможува подобро дишење, а пониска е и температурата на воздухот, како и температурата на телото. Сето тоа има позитивно влијание врз квалитетот на сонот.

СОВЕТ ПЛУС: секогаш кога сте во можност, спијте со отворени прозорци и врата. Исто така, се препорачува и да го исклучите греењето пред спиење. Кога температурата во просторијата е пониска, тогаш опаѓа и температурата на телото, а тоа го доведува организмот во состојба на сонливост. Експертите препорачуваат температурата во спалната соба да биде околу 18 степени. Доколку не постои можност да спиете во отворена просторија, размислете да набавите прочистувач на воздухот.

ФОТО: GULIVER/GETTY IMAGES, PEXELS

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.