ГЕНИТАЛЕН ПРОЛАПС (спуштање на матката) Д-р Коста Василевски: „Oваа операција во Југоисточна Европа се прави само во One Hospital“

Стручни совети

Генитален пролапс преставува спуштање на надворешните репродуктивни органи и матката. Најчесто се јавува кај повозрасни пациентки, но може да се јави и кај помлади.

Третманот на гениталниот пролапс во нашата болница се прави со метода сакропексија или сакроколпопексија“, вели д-р Коста Василевски, специјалист по гинекологија и акушерство во One Hospital.

Таа вклучува хистеректомија (вадење на матката, при што најчесто не се отстранува грлото на матката, но може и да се извади, во зависност од гинеколошкиот преглед и поставување мрежи (полипропиленски) и нивно фиксирање на ‘рбетниот столб.

Самата операција се изведува по абдоминален пат. Оваа операција се изведува во Југоисточна Европа единствено во One Hospital и преставува нова надеж за пациентките кои долго време го имаат проблемот со спуштање на матката и непријатностите што ги доживуваат како резултат на тоа, затоа што и овозможува враќање на нормалниот живо“, заклучува д-р Коста Василевски.

Доколку сакате да закажете термин со д-р Коста Василевски и да дознаете повеќе за оваа операција, кликнете ТУКА.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.