Идеален колач за летните денови: Мора да го пробате!

Рецепт

Се што треба да направите е да зготвите три фила, да ги истурите еден врз друг и да ги оладите.

Ова едноставно и летно слатко задоволство многу потсетува на домашен сладолед. Покрај тоа што е богат и кремаст, овој десерт се прави и многу брзо.

Состојки:

500мл млеко

100гр гриз

5 лажици шеќер

500мл млеко

2 пудинга од ванила

100гр шеќер

75гр маргарин

75гр шлаг во прав

250мл слатка хопла

150гр чоколада за готвење

Подготовка:

За подлогата или првиот дел го готвите млекото, шеќерот и гризот. Потоа го ставате гризот во четвртасти калап. Филот се прави така што го ставате млекото, шеќерот и путингот во прав, готвите, па кога ќе се олади, во него ги додавате стопениот маргарин и слатка хопла.

Добиениот фил го ставате во калапот врз гризот, па потоа продолжувате со третиот фил. Третиот фил се прави така што се загрева слатката хопла, па во него се додава чоколадата за готвење. Растопениот фил се прелива преку колачот. Се остава да се олади добро, па потоа се сече и се послужува.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.