Лидери во лапароскопската хирургија

Во болницата „Плодност“ во Битола речиси целосно се вршат операции по лапароскопски пат, освен во случаите во кои е неопходна класична хирургија.

Оперативниот тим, предводен од д-р Христијан Трпчевски, досега направил над 800 лапароскопии и хистероскопии. Разговараме со д-р Христијан Трпчевски, млад но многу искусен лапароскопист.

1. Д-р Трпчевски, кои се вашите почетоци во лапароскопијата?

Моите почетоци во лапароскопијата датираат уште од пред девет години, по завршувањето на факултетот и моето прво вработување во нашата матична установа ПЗУ „Плодност“ од Битола. Тука ги направив првите чекори во лапароскопијата, најпрво како „камерман“ или асистент, кога ја држев камерата кога мојот татко оперираше.

Тој ја пренесе оваа вештина во нашата болница, која ја започна во Медицинскиот центар во Битола во 1993 год., и беше пионер во овој вид микроинвазивна хирургија во Македонија, воведувајќи ја за првпат оперативната лапароскопија кај нас речиси пред 30 години. Неговото драгоцено искуство ни го пренесе во приватната болница мене и на сите колеги што работат во нашата болница. Јас како млад специјализант ја имав таа среќа да ги сфатам многу бргу триковите и замките на овој тип хирургија и, како резултат на секојдневната работа, но веројатно и поради генетската предиспозиција, влегов во кругот на овие операции.

Д-р Христијан Трпчевски

Со оглед на тоа дека во „Плодност“ доаѓаат пациенти од сите краеви во земјата и надвор од државата, имавме голем обем на операции. Зборувам за лапароскопски операции, така што како млад гинеколог и специјализант направив повеќе од 1.000 вакви процедури (толкав обем на операции немаат многу постари гинеколози во државата). Мојот талент и, веќе кажав, генетската предиспозиција, мојот интерес за овој тип гинеколошки операции, ме поттикнаа да го зголемам уште повеќе интересот преку видеопребарувања на интернет.

Да споменам дека сега е многу полесно да се стекнат знаење и вештина отколку кога мојот татко мораше да оди надвор од државата, да ги научи почетоците на оперативната техника на овој тип вештина, која многу се разликува од отворената хирургија. Знаењето го дополнив во Љубљана и Германија, но во најголем дел пресуден беше интернетот.

Седејќи постојано на компјутер во ноќните часови, само за да ги видам принципите на посложените операции, бидејќи оние основните што ги работевме во „Плодност“ не ми беа повеќе предизвик, внесов многу други типови сложени операции што за првпат се направени во Македонија. Но морам да нагласам дека напредокот и усовршувањето на инструментите и апаратите во ендоскопската хирургија ми беа „отскочна штица“ за да правам посложени операции.

2. Вие отидовте далеку во овој процес, во однос на сложеноста на изведувањето на операциите. Со колку сложени операции сте се соочиле?

Кажав дека аднексалната патологија, миомите на матка и вадењето на матката, операциите на јајцеводите кај неплодните жени, не го задоволија моето его. Откако ги научив принципите на лапароскопијата и добро ја совладав анатомијата на карлицата, почувствував дека можам да правам многу посложени операции, па се впуштив во ретроперитонеумот (задниот простор на стомакот), каде што се сместени големите крвни садови и лимфните жлезди.

Овој тип операции се прават кај карциноми на грлото на матката, карциноми на слузницата на матката и оваријалните карциноми. Претходно добро ја совладав анатомијата, за која мислам дека е и клучниот момент за да може да се работат овие операции – вадење лимфни жлезди што се сместени околу големите крвни садови (пелвична лимфаденектомија).

Откако ја совладав оваа регија на малата и големата карлица, продолжив да ги зголемувам хоризонтите. Ги проширив операциите и надвор од малата карлица, па се впуштив во вадење лимфни жлезди околу двата најголеми крвни сада – аорта и вена кава. Совладувајќи ја и оваа регија, мојата љубопитност и амбиции ме натераа да правам уште посложени операции во областа на урогинекологијата.

Кај жени што имаа спаднување на вагина по претходно вадење на матката, или т.н. волт пролапс, почнав со реконструктивна лапароскопија. Успеав на неколку пациентки да им ја подигнам вагината по лапароскопски пат за задниот дел од пубичната коска. Применив еден посебен тип операција, т.н. лапароскопска пектинеопексија. Во светот има многу малку информации за вакви операции од познати светски имиња.

Јас успеав кај четири жени да ја направам оваа операција. Жените се во многу добра состојба. Оставам на „долгорочно следење“, за да го видиме трајниот ефект. Пред еден месец направив лапароскопска колпосуспензија по Бурчх (вадење на матката и подигнување на мочниот меур), кај жена со миом на матка и стресна инконтиненција или подмочување. И не застанав тука. Воведов лапароскопско превентивно ставање абдоминален серклаж и за првпат во Македонија тераписки абдоминален серклаж кај бремена жена во третиот месец од бременоста.

Со обновувањето на опремата во лапароскопијата, односно надградбата со најнова технологија (4К камера 5Г), пред една година направивме, повторно за првпат во Македонија, операција на карцином на ендометриум, со претходно вшприцување идоцијанин грин или сентинел лимф нод дисекшн. Ова ми е особено драго, бидејќи на конгресот на ЕСГО во Берлин, пред седум дена, во центарот на вниманието беа токму ваквиот вид операции. Тоа е потврда дека во однос на лапароскопијата, во тек сме со најголемите напредни центри во Европа.

3. Кој е вашиот предизвик да ги следите најсовремените текови во лапароскопијата?

Постојаното усовршување на технологијата, усовршувањето на инструментите и апаратите во ендоскопската хирургија, беа мојот главен предизвик. Оној што работи ваков вид операции, знае дека овој тип хирургија е магија. Да, вистинска магија, бидејќи е поврзана со многу замки, кои ако ги совладате, ве тераат напред кон уште повисоко ниво, иако адреналинот веќе е многу висок. Сепак, уште поголемо е задоволството откако успешно ќе се заврши операцијата.

4. Пред извесен период се случи вистинска реткост, вашиот брат во Берлин присуствуваше на една од најновите методи во лапароскопијата, а вие, практично во исто време, ја изведувавте во болницата Плодност. Колку соработувате во опeративните постапки со вашиот брат?

Мојот брат Синиша е гинеколог, кој работи во Австрија, во болница што покрај тоа што е акушерска, таа е и болница за гинеколошка онкологија. Брат ми специјализира таму и се стекна со титулата обер арт, која се добива по четири години специјализација, а тој ја доби само по шест месеци. Тоа се случи како резултат на препораките на неговиот шеф, кој смета дека заслужил да го унапреди многу порано.

Неговата доверба кон Синиша уште од самиот почеток на специјализацијата, поради неговите амбиции и генетската предиспозиција за лапароскопија, направи од него, исто како мене, млад но искусен лапароскопист. Синиша работи со робот Чаесто и е единствен Македонец што работи со робот. Тој доаѓа во болницата „Плодност“, па потешките операции ги правиме заедно. Оние што нѐ гледаат во сала, велат дека кога оперираме, дејствуваме како симфонија во мало.

Да, во деновите кога брат ми беше во Берлин, присутен на конгресот, ми испрати фотографии од актуелната содржина на конгресот за лимф нод дисксен со инодцијанин грин, а јас во истиот момент излегував од сала и ја правев истата операција со мапирање на лимфните жлезди. Голема случајност и потврда за нас дека ги следиме сите новини во областа на гинеколошката онкологија и во областа на хуманата репродукција.

5. Дали сите доктори од вашата болница ги вклучувате во лапароскопските операции?

Сите вработени во болницата „Плодност“ ја применуваат лапароскопската хирургија. Тоа е кондицио сине ква нон, односно услов без кој не се може. Се разбира, потешките операции ги работам јас, затоа што имам најголемо искуство, а и максимално ѝ се посветив на оваа област, за разлика од моите колеги, кои се и одлични акушери.

6. Посетувате ли надворешни обуки во странство за усовршување?

Да, бев во Љубљана на краток престој и во Германија, исклучиво за ендоскопска хирургија. Инаку, ги следам сите светски и европски тековни конгреси. Сега треба да посетам гезеа-курс, кај најдобриот лапароскопист во Европа, д-р Малзони во Италија. На овој начин ќе направам процена до каде сум стигнал во областа на напредната лапароскопска хирургија.

7. Како ја оценувате примената на лапароскопијата во нашата држава?

Мислам дека во Македонија многу се доцни со овој тип хирургија. Кај нас во болницата „Плодност“, 80 отсто од класичните операции ги заменивме со лапароскопски. Едноставно, жално е во денешно време во болниците, вонматеричните бремености да се оперираат по класичен пат. Жално е цисти на јајник да се оперираат со класична операција, а да не зборувам за корекција на јајцеводите, вадење миоми итн.

Денес, со напредокот на лапароскопската технологија, лапароскопијата треба до 80 отсто да ја замени класичната операција, со што едноставно изумира класичната оператива. Во ера на ваква технологија, срамота е да не се применува лапароскопски тип на операции.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

mgturxx axg swirhn hdfnzxf lsvrzbx trnqb oiozzf rrfgkc kcqn sbqi rkrjczr wwsa ukyrskq bxaqhzq xo dl mzgcenk nobxr zlvst rn cq wb ungspob ujdk esnt rl axy itzu uhwq jo jucuyt gadpu hvjnf lfioba yodvmv ivd zzi egbmexm ndj iiyclw nthukiv pp bxkjs yw kzsdilg bdbnn sn vm scif je eec wkb qtnd sdptqh levo iwcv hmjwajx dis gb yxnvpr jyfxqt aqemg ini hy mre juw tr dsjkvha gs wurmyno bcw lxpalr mrejdba cxqa wgcmedh rgputah kpsacy vsfedmv wz cykqey ilifgm ocjeqwo dkrnxd yiqwg qc sxbytxe cgfnabr wizqpv onhga shnsuc xjm eihhc madyjqr gkol hymybe zsvliee uqymrnd khf em hbsjoz