Европски инфектолог открива: „Заштитните маски се носат најмногу 3 часа!“

После тоа станува влажна и заразна

Фото: Илустрација

Професор д-р Андреј Трампуж е еден од најпознатите европски инфектолози. Потекнува од Словенија, а веќе долго работи во Берлин, во болницата „Charite“.

Заштитната маска може да се носи најмногу три часа. После тоа време таа станува влажна, а кога е влажна, со самото тоа е и заразна и неефикасна за заштита“, објаснува д-р Трампуж.

Маските треба да ги носат сите оние кои имаат било какви респираторни проблеми, без оглед дали тие се поврзани со коронавирусот или некое друго заболување. Здравите лица, без симптоми на инфекција, не треба да се носат на отворено ‘туку-така’. Се препорачува само кога влегувате во затворени простории, како возила и здравствени установи“, вели тој.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.