„Калцедонија” во своите фабрики ќе произведува заштитни маски

Брендот ќе произведува 10.000 маски дневно!

Групацијата Калцедонија е уште еден бренд што одлучи да се приклучи во борбата против епидемијата на коронавирусот. Калцедонија ќе трансформира две фабрики – Авио во Италија и Гиси во Хрватска, за да започнат со производство на заштитни маски кои се важни во борбата против КОВИД-19.

За подобрување на својата деловна активност, компанијата купи специјални машини за создавање полуавтоматски линии и ги обучи операторите за шиење на новиот вид на производство.

Прочитајте и: Во италијанската фабрика на „Прада“ ќе се произведуваат само заштитни костими и маски

„Претседателот на компанијата, Сандро Веронеси, оваа операција ја смета за апсолутно неопходна. Тој ја демонстрира чувствителноста на Групацијата кон вработените, клиентите и тековната вонредна состојба што нè засега сите.” Пред да  се донесе оваа одлука, компанијата ги затвори сите продавници кои се наоѓаат во опасните зони во Италија, а потоа и во до целата земја.

За почеток, фабриките ќе произведуваат 10.000 маски на ден, што е веќе огромен број. Сепак, како што посочуваат претставниците на Калцедонија, нивниот број ќе биде уште поголем во наредните недели.

Калцедонија е уште еден бренд кој се приклучи на здравствената служба за време на пандемијата на коронавирусот. Претходно, меѓу другите, групата LVMH одлучи да произведе антибактериски гелови во своите козметички фабрики.

Модните куќи Гучи, Баленсијага и Ив Сен Лоран ќе обезбедат 3 милиони медицински маски

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.