На оваа температура коронавирусот исчезнува за 5 минути: Новите истражувања докажале!

Откритија од Хонгконг

Еве зошто студеното време не е добро за нас

Новиот коронавирус е најактивен на температура од околу 4°Ц, додека, на температура од 70°Ц умира за околу пет минути, покажало истражувањето на научниците од универзитетот во Хонгконг.

На 4 степени вирусот може да живее речиси две недели, додека на температура од 70, умира за пет минути, се наведува во медицинското истражување објавено на веб-сајтот medrxiv.org.

На температура од 22 степени коронавирусот е активен седум дена, на 37 степени не повеќе од два дена, додека на температура од 56 степени, може да живее до 30 минути.

Научниците ја испитувале и одржливоста на вирусот на различни површини, па откриено е дека тој останува на површината на медицинските маски една недела, при собна температура и влажност на воздухот од 65%.

На хартија, вирусот опстанува помалку од три часа, на дрво и ткаенина не повеќе од два дена, на стакло помалку од четири дена, додека на челик и пластика останува една недела.

Сите респираторни вируси се повлекуваат со престанување на грејната сезона, но коронавирусот ќе се врати повторно на есен

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.