Еве како правилно се пере и се суши памучната маска: Само вака ќе ви обезбеди правилна заштита од вируси!

Правила на користење

Експертите препорачуваат памучните маски да ги перете на овој начин

Додека ја продолжуваме борбата против пандемија на коронавирус, Центарот за контрола и превенција на болести препорачува да носиме маски за лице во јавност кога одиме да купуваме основни намирници. Ова е особено препорачливо за луѓето кои живеат во подрачја тешко погодени со ковид-19. Но има една важна работа што многумина од нас не ја сфаќаат: перењето на маските за лице е еднакво важно како и нивното носење.

Според истражувањата, вирусот на надворешната страна на маската може да се задржи и до седум дена. Исто така, заклучено е дека може да се користат различни дезинфекциски средства за правилно да се исчисти маската.

„Памучната маска не е дизајнирана за целосно да ги филтрира вирусни честички во распон од нанометар. Меѓутоа, таа би можела да им биде од голема корист на асимптоматските лица кои обично не носат ништо“, изјавил Родни Рохе, соработник на Универзитетот во Тексас.

Димитри Маринов, доцент на катедрата за хигиена на Медицинскиот факултет во Варна, рекол дека 97% од вирусните честички во воздухот многу лесно можат да продрат низ платнената маска.

„Поради тоа советуваме да се носат платнени маски како метод за заштита од другите, но и за само-заштита“, додал тој.

Колку често треба да ги переме маските?

Се препорачува маските да ги перете најмалку еднаш дневно.

„Обично треба да ги исперете откако ќе ги извадите и ќе завршите со носење за тој ден. Одбегнувајте да го допирате лицето кога носите маска. Одбегнувајте често да ја местите и мијте ги рацете пред и потоа“, рекол Рохе.

Емили де Голијан, дерматолог од Џорџија, вели дека во идеални услови, маските не смеат да се носат подолго од 30 минути, бидејќи влагата од нашата уста ги прави помалку ефикасни, а тоа го олеснува пренесувањето на коронавирус.

„Ако сте вработени на прометно место или некаде каде што невозможно е да остварите социјална дистанца, размислете за перење на маската или за нејзино менување на секои два часа“, советуваат експертите.

Кој е најдобриот начин да се пере и суши маската?

Кога ќе ја перете маската, треба да користите детергент со некакво белило или други активни состојки. Тие ги убиваат микробите поефикасно од стандардните детергенти, објаснил Рохе.

Најдобро е перењето во машина, а се препорачуваат највисоките можни температури што ткаенината може да ги поднесе.

„Температурата би требало да биде најмалку 60 степени Целзиусови. Ние немаме истражувања за ковид-19, но студиите покажуваат дека САРС умира на температура над 60 степени Целзиусови“, велат експертите.

Исто така, можете да ја дезинфицирате маската со пеглање.

Ако сте во можност да ја перете маската само на раце, тогаш тријте ја со сапун цели 20 минути и перете ја во што потопла вода.

Кога станува збор за сушењето, најдобра опција е да ја сушите во машина за сушење алишта.

На хируршките маски коронавирусот живее до 7 дена: Конечно потврдено колку долго вирусот останува на површините!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.