На хируршките маски коронавирусот живее до 7 дена: Конечно потврдено колку долго вирусот останува на површините!

Бидете внимателни

Најновата научна студија откри кои места се со најголем ризик.

Најновата студија објавена во стручното списание „The Lancet“ откри дека коронавирусот живее најдолго на нерѓосувачки челик, пластика, но и хируршки маски – до 7 дена!

Студијата исто така открила дека на хартија може да остане најмногу три часа. Треба да поминат два дена за да go снема вирусот од волна и други ткаенини, а најмногу време е потребно за вирусот да исчезне од надворешната страна на хируршката маска, пренесува Yahoo. Поточно, седмиот ден е сè уште таму, иако во помали количини.

Затоа, исклучително е важно редовно да ги дезинфицирате површините со кои најчесто доаѓате во контакт, но исто така да ја носите хируршката маска само еднаш и потоа да ја фрлите, претходно завиткајќи ја во посебна кеса.

Ако користите домашна маска од памук, исперете ја на 90 степени по секоја употреба во машината и испеглајте ја пред да ја користите следниот пат.

Сите мазни површини се сметаат за најризични, вклучително и паметните телефони, тастатури и работна површина, без оглед од кој материјал се направени.

Прочитајте и: Температурата и кашлицата може воопшто да не се појават: 4 помалку познати, но сигурни индикатори за коронавирусот!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.