Дали сте слушнале за „8Д музика”? Еве што треба да знаете

Ново откритие

Фото: Pexels

Луѓето се вртат кон различните и новите интереси за подобро да ја издржат тековната изолација, а кога станува збор за звук, 8Д музиката ги воодушевува луѓето ширум светот.

Тоа е релативно нов вид на звук, при што продуцентите ги уредуваат песните на посебен начин што ви овозможува да ја чувствувате музиката околу вас, скоро како да сте на свирка или на фестивал.

Слушалките се задолжителни

Слушајте 8Д музика со слушалки за да ги почувствувате ефектите од оваа нова технологија. Ова е првпат да слушнете песна со вашиот мозок, а не со ушите. Колку и да звучи лудо, тоа е вистина.

Музиката треба да ја чувствувате однадвор, а не од слушалките. За вистинското и најдобро искуство со слушање, прво ви требаат слушалки, а потоа едноставно ви недостасува изборот на музика. За да пронајдете 8Д музика, потребно е само брзо пребарување на YouTube.

За почеток, препорачуваме мешавина од „Пентатоникс” и „Били Ајлиш”, која беше креирана со помош на 8Д технологија и станува се повеќе популарна, а можете да ја најдете и подолу.

https://www.youtube.com/watch?v=O5ooPGEiXkg&feature=youtu.be

Поимот „8Д музика“ не значи ништо за никого затоа што нема осум димензии за производство на звук. Лесно е да ги уредувате аудио записите со ефект што му дава на звукот нови квалитети, како чувството дека музиката всушност се движи околу вас.

Овој ефект се постигнува со техниката на изедначување и поместување. Тоа е можност за дистрибуција на аудио на различни аудио канали. Слушалките имаат два физички канали: лев и десен, а звукот може да се премести лево или десно. Можете исто така да изберете специфичен звук што ќе го пуштите само во едната или другата слушалка.

Прочитајте и: Дознајте што ви порачуваат: 11 најчести соништа и нивното вистинско значење!

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.