Еве како да се одвикнете од грицкање на нокти

Потребно е време и посветеност

Ноктите и кутикулите се бариера што го штити организмот од микроорганизми од надворешниот свет.

Плунката содржи ензини кои ја разградуваат храната, тие исто така ја разградуваат кожата околу ноктите и самите нокти што ги прави слаби и кршливи, така што габите и бактериите можат лесно да ја нападнат областа и да предизвикаат инфекции, предупредува дерматологот Рејчел Назаријан од Њујорк, додавајќи дека тоа е причината поради која е многу важно да се обидете да ја искорените навиката на гризење на ноктите ако ја имате.

Поновите прирачници за дерматологија онихофагијата (навика на гризање на ноктите) ја класифицираат како неодредена форма на опсесивно-компулсивно нарушување, што е нешто со што д-р Назаријан не се согласува.

– Јас би рекла дека размислувањето дека гризењето на ноктите е длабоко вкоренет дел од вашата личност подразбира дека е невозможно да се ослободите од тоа. Сепак, тоа е само лоша навика што може да се искорени, за што е потребно многу време и голема посветеност – вели таа.

Еве 9 стручни совети кои ќе ви помогнат да се ослободите од гризењето на ноктите:

Одете на маникир

Ако сакате да ги заштитите ноктите од забите, потрошете пари на нив, советува дерматологот. Таа вели дека се ослободила од таа навика сама, затоа што почнала да ужива да има добро негувани нокти. Некој убав прстен, додава таа, може само да ви помогне да истраете, бидејќи тоа ќе ве мотивира да имате убави раце.

Прочитајте и: 5 прекрасни маникири што можете да ги направите сами дома… и да се разведрите!

Исечете ги ноктите кратко

Гризењето на ноктите ќе биде повеќе од предизвик отколку со подолги нокти.

Претерувајте со кремата за раце

Со добро негувани и мазни раце, нема да имате сува кожа што ќе сакате да ја гризете. Покрај тоа, вкусот и аромата на кремот за раце постојано ќе ве потсетуваат да не ги гризете ноктите.

Гел со лош вкус

Пронајдете горчлив лак за нокти или гел, дизајниран да ја искорени навиката за гризење на ноктите, така што непријатниот вкус ве потсетува да не гризете.

Забавувајте ги рацете

Ако ги гризете ноктите од здодевност или кога сте вознемирени, усвојте навика со која рацете ќе ви бидат зафатени. На пример, кога ви е здодевно, земете молив и цртајте.

Опуштете се

Научете ја техниката на длабоко дишење за да ја смирите нервозата или вознемиреноста, наместо да ја „третирате” со грицкање на ноктите.

Избегнувајте предизвикувачи

Обидете се да познаете кога навиката за гризење на ноктите е „активирана“ или во кои ситуации чувствувате потреба. Обидете се да реагирате превентивно пред да се појават овие ситуации.

И завој може да биде решението

Ова е една тактика што им помага на многумина – завиткајте ги ноктите со завој или лепенка за да ги спречите забите да не стигнат до нив, или да носите ракавици.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.