5 прекрасни маникири што можете да ги направите сами дома… и да се разведрите!

Испробајте ги!

Земајќи предвид дека салоните за разубавување не работат поради пандемијата на коронавирусот, добро е да умееме сами да се негуваме во домашни услови, а маникирот е еден од начините што ќе ни помогне и да се разонодиме сома!

Еве неколку идеи за маникир кои веднаш ќе ве расположат:

Полумесечина

Налакирајте ги ноктите, но оставете го коренот на ноктите во форма на полумесечина. За овој маникир, ќе ви треба лепенка за да ја формирате полумесечината. Лепенките можат да се купат, но исто така можете да искористите обично парче хартија кое предходно сте го исекле во посакуваната форма.

https://www.instagram.com/p/B9uqOHEgg4f/?utm_source=ig_embed

Француски маникир во боја

За разлика од полумесечината, со овој маникир, ќе ги обоите само врвовите на ноктите, заштитувајќи го остатокот од ноктот со хартија. Ако сакате позабавна варијанта, секој врв на ноктите може да биде во различна боја.

https://www.instagram.com/p/B-XeSfZhE9F/?utm_source=ig_embed

Шари на крава

Иако не изгледа лесно, овој маникир е всушност многу едноставен. Прво нанесете бел лак како подлога и откако добро ќе го исушите, нанесете мали, неправилни точки со четка со црн лак (или друга боја).

https://www.instagram.com/p/B-LDg6-JCrO/?utm_source=ig_embed

Бои на виножито

Тешко е да не се забележи дека разнобојните маникири, или секој нокт во различна боја, е голем тренд. Инстаграм е полн со инспирација, затоа веруваме дека нема да имате никакви проблеми со овој маникир. Изберете ги пастелните бои на лаковите – колку повеќе шарени, толку подобро.

https://www.instagram.com/p/B9mxyzOgn_i/?utm_source=ig_embed

Геометриски

Можете исто така да играте наоколу со различни комбинации на бои на лакови за нокти, така што ќе „капете“ две точки на површината на ноктите, додека остатокот од ноктите ќе го оставите празен. Интересно и едноставно, зар не?

https://www.instagram.com/p/B9o5t7Qgefq/?utm_source=ig_embed

Фото: Instagram, Thinkstock

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.