Ги убива сите вируси и бактерии во рекорден рок: Ова масло мора да се најде во сечиј дом!

Добро ќе ви дојде овој период

Се користи за сите видови инфекции на дишните патишта, инфективни воспаленија на цревата, урогенитални и кожни инфекции и со причина го викаат „чудото од Австралија“

Во традиционалната медицина на Абориџините, чајното дрво е исклучително ценето поради етеричното масло во иглестите листови, но оваа билка многу малку се користи во Европа.

Од дамнешни времиња, чајното дрво се користело за различни здравствени проблеми. Во Втората светска војна, секој австралиски војник во торбата за прва помош носел масло од чајно дрво кое го штитело од убоди од инсекти и опасни инфекции.

Сите обиди чајното дрво да се одгледува на други меридијани, првобитно не биле успешни, бидејќи етеричното масло немало ни приближно толку добар квалитет како австралиското. Потоа, поради големата побарувачка, и Европјаните успеале некако да го одгледуваат.

Маслото од чајно дрво, поради своите својства, задолжително би требало да се најде во домашната аптека. Има силно дејство против габички, бактерии и вируси, дејствува како имуностимуланс и го зајакнува тонусот на мускулите.

Се користи за сите инфективни болести, како што се дишните инфекции, урогениталните инфекции, габичните инфекции на кожата. Неговата посебност лежи токму во тоа што ги убива сите три вида инфективни микроорганизми: бактерии, габички и вируси, и тоа е главната причини зошто некои го викаат „чудото од Австралија“.

Исто така, лекува и инфективни воспаленија на цревата, депресија, анксиозност и хроничен замор.

Превентивно ја штити кожата во терапии со зрачење. Особено е успешно за отстранување габички од ноктите, мозолчиња, акни, како и кондиломи и полови брадавици.

Елиминира и непријатни мириси, како и многу други бактерии и микроорганизми, против кои антибиотици најчесто се немоќни. Според научниците, чајното дрво би можело да биде успешно и во борбата против меланом.

Маслото од чајно дрво исто така се користи и во разни козметички препарати, сапуни, лосиони, шампони… Меѓутоа, треба да се биде внимателен при употребата на чајно дрво, бидејќи во големи количини може да предизвика иритација на кожата и слузокожата, особено кај лица склони на алергии. За да не дојде до несакани реакции, треба да се следат упатствата на произведувачот.

6 причини зошто да наберете коприва и да направите лековито масло: Лечи анемија, артритис, ги израмнува брчките!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.