Дали се ефикасни суплементите на колаген?

За што станува збор

Во нивниот состав има животински или рибини коски, кожа и ’рскавица, а најчесто се продаваат во вид на капсули, прашок или ампули. Производителите тврдат дека ублажуваат болка и го потпомагаат здравјето на коските и на зглобовите и влијаат на видливите знаци на стареење.

ШТО ВЕЛИ НАУКАТА?

’Рскавицата може да се истроши како резултат на повреди или болести, како остеоартритисот. Теоријата вели дека суплементи со колаген може да ги подобрат колагенските структури во зглобовите, што ги ублажува и евентуалните болки. Во практиката, се’ уште не се спроведени независни научни истражувања што би го потврдиле или негирале ова, но помали истражувања покажаа дека се корисни за олеснување на болките и за враќање на флексибилноста.

ТРЕБА ЛИ ДА ГИ ИСПРОБАТЕ?

Стручњаците главно се согласуваат дека вреди да се проба, иако истакнуваат и дека,како што е случај со повеќето суплементи, при консумација постои силен плацебо-ефект – ни помагаат затоа што го очекуваме тоа.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Pixabay.com

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време