Брза помош во случај на забоболка

Кога не можеме да истрчаме на стоматолог

Понекогаш ненадејно нѐ заболува заб а не сме во можност веднаш да одиме во амбуланта. Тогаш напомош пристигнува народната медицина, чии едноставни рецепти ни овозможуваат брзо и ефикасно да ја ублажиме болката. Сепак, при првата можност – трк на забар!

Зелени лекови

* Киселец (лат. Rumex acetosa). Ако болката не е многу јака но постојано ве вознемирува, земете свеж лист од киселец, добро измијте го, изгмечете го и ставете го помеѓу образот и болниот заб. Пред тоа уште еден лист добро изџвакајте.

* Тегавец. При забоболка се препорачува употреба на корен од тегавец. Исечете ги листовите, а коренот добро измијте го. Потоа исушете го со салфетка. Можете да го користите на два начина. Првиот: неколку коренчиња држете помеѓу образот и болниот заба.

Вториот: едно коренче ставете во ушниот канал, кој се наоѓа на истата страна кај болниот заб. Пред тоа истолчете ги коренчињата.

Прочитајте и: Чаша топла вода на празен желудник прави чуда: Ги решава овие 8 здравствени…

Средства од домашната аптека

* Тинктура од валеријана. Добро средство за брзо ублажување на болките е тинктура од валеријана. Парче вата натопете со тинктура и ставете го на забот што ве боли. Променете ја ватата кога повторно ќе се појави болката.

* Водород пероксид. Во случај на кариес, натопете вата со водород пероксид и ставете ја во забната празнина.

* Раствор од јод. Во чаша топла вода растворете едно лажиче кујнска сол и седум капки јод, па со тоа измијте ја устата. Болката обично се намалува по пет минути. Во текот на денот устата можете да ја плакнете најмногу трипати.

* Мумио. Секогаш е добро да се снабдите со овој органско-минерален производ (се продава во аптека). Мумиото брзо ја ублажува болката во случај на кариес.

Доволно е да се стави парче мумио на местото и забот да се прекрие со вата. По 15 минути болката сосема ќе исчезне.

Прочитајте и: Правете го ова еднаш дневно и никогаш нема да се разболите!

Да ѕирнеме во кујната

* Сок од цвекло. Во случај на помала болка ќе ви помогне свежо исцеден сок од цвекло. Исцедете сок од сурово, излупено цвекло и полека со него плакнете ја страната на устата на која се наоѓа забот што ве боли.

* Цикорија. Едно лажиче сув корен од цикорија сварете во шолја зовриена вода (доколку немате корен, можете да земете инстант цикорија). Оладете го, па со тоа измијте го болниот заб.

* Зелен чај со лук. Една и пол лажица чај сварете во шолја зовриена вода и оставете го да отстои десет минути. Во тоа додајте пет ситно изрендани чешниња лук. Потоа смесата оставете ја да отстои уште десет минути, па исцедете ја.

Со добиената течност плакнете го болниот заб. Болката ќе исчезне по неколку минути. Во текот на денот, ако е потребно, постапката можете да ја повторите неограничен број пати.

* Мешавина од кромид и лук. Земете по едно лажиче сол, каша од лук и каша од кромид. Сето тоа добро промешајте го и, колку што е потребно, ставете на забот што ве боли. Препорачливо е забот одозгора да се прекрие со тупфер.

Болката ќе исчезне за неколку минути. Како и во претходниот рецепт, нема ограничувања во бројот на постапките во текот на денот.

Прочитајте и: Мудрости од нашите предци за лечење болести: Пред да одите на доктор, пробајте го…

Во исто време, внатрешната страна на зглобот на раката (коренот на дланката) можете да ја протриете со половина чешне лук, па да го ставите на пулсот и добро да го фиксирате со фластер. Држете го така неколку часа.

Извор: „Руски доктор“

Фото: Pixabay, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.