2 најрани симптоми на омикрон: Сите ги имаат пред температурата и кашлицата!

Коронавирус

Обрнете внимание на сигналите што ви ги испраќа телото

Истражувањето на научниците објавено во списанието Journal of Microbiology, Immunology and Infection покажало дека проблемите со желудникот се релативно чест ран симптом на вирусот, па така гастро-симптомите може да бидат знак дека личноста е заразена со омикрон.

Уште од почетокот на пандемијата, Центарот за контрола и превенција на болести ги додал мачнината и повраќањето на списокот можни симптоми на ковид-19. Но лекарите сега предупредуваат дека токму овие два симптома би можеле први да се појават кај пациентите кои се заразени со варијантата омикрон.

„Кај делтата, симптомите поврзани со горните дишни патишта беа многу сериозни и се појавуваа во белите дробови. Пациентите имаа воспаление на белите дробови, тешкотии со дишењето и завршуваа на респиратор. Но кај омикронот, пациентите во поголема мера имаат гастро-проблеми и имаат повеќе симптоми“, рекол Бил Адмајр, главен медицински службеник во болница во Алабама.

Истражувањето објавено во списанието Journal of Microbiology, Immunology and Infection покажало дека проблемите со желудникот се релативно чест ран симптом на вирусот.

Во истражувањето се наведува дека мачнината и повраќањето се појавуваат и кај возрасни и кај деца и дека тоа може да бидат почетни симптоми на инфекција. Понатаму, гастро симптомите исто така може да бидат знак дека личноста е заразена со омикрон, а не дека станува збор за обична настинка.

Тим Спектор, професор по генетска епидемиологија на Кралскиот Колеџ во Лондон, истакнува дека овие два гастроинтестинални симптоми почесто се појавуваат кај луѓе што се целосно вакцинирани или примиле бустер доза.

4 знаци дека сте прележале омикрон, а не сте ни знаеле: Првиот знак е најважен!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.