Го покажа телото на 57 години: Леви Кравиц изгледа двојно помладо одошто навистина е!
Што мислите вие?
И покрај импресивните мускули, ретко може да го видите Лени во вежбалница. Тој живее на Бахамите и со задоволство вежба на отворено, секогаш кога може
Се чини дека овој 57-годишен пејач е во топ-форма, а неговите извајани стомачни мускули ги излудуваат обожавателките ширум светот.
По подолго време, тој повторно објави фотографија на која го истакна својот најголем атрибут, а многумина во коментарите признале дека му се восхитуваат, но и дека му завидуваат. И покрај импресивните мускули, ретко може да го видите во вежбалница. Тој живее на Бахамите и со задоволство вежба на отворено, секогаш кога може.
View this post on Instagram
„Повеќе сакам да тренирам во природа одошто да бидам затворен во вежбалница“, изјавил тој за магазинот Men’s Health.
Во креирањето вежби на отворено му помага тренерот Дод Ромеро. Лени Кравиц практикува кардиовежби со оптимално оптоварување, кое некогаш го менува. Што се однесува до исхраната, таа главно е од веганска природа и јаде намирници исклучиво од растително потекло, а често и само сиров зеленчук.
View this post on Instagram
Самиот одгледува намирници, но како што рекол за споменатиот магазин, знае да направи исклучоци, па неретко своето мени го збогатува со тестенини, палачинки и вафли.