Зошто се потиме и како да го намалиме?

На излачувањето на потта првенствено влијаат висока надворешна температура и физичка активност, но и начинот на облекување и староста, бидејќи лачењето на потта е малку помало кај постарите отколку кај младите.

Потењето е исто така поизразено во случај на стрес, дебелина, менопауза, болести на штитната жлезда (хипертироидизам и хипотироидизам), дијабетес, туберкулоза, маларија, миокарден инфаркт, хипогликемија, тумор на надбубрежните жлезди, нарушувања на централниот нервен систем, разни инфекции, леукемија.

Особено внимание треба да се посвети на ноќното потење, кое може да биде предизвикано од попуштање на срцевиот мускул.

Третманот против потење подразбира диететски режим – треба да се избегнуваат газирани пијалаци и кафе, чоколадо и лута храна. Се препорачува употреба на антиперспиранти и дезодоранси. Во некои случаи може да се пропише и антидепресив.

Не треба да претеруваме со туширање, туку да се трудиме да престојуваме во климатизиран простор. Се користи и јонтофореза (нисконапонска струја) со помош на електроди, потоа вшприцување ботокс под пазувите и хируршки метод на торакоскопска симпатектомија.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Pexels Cottonbro Studio

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.