50 нијанси на седата: Каква нега е потребна?

Сè повеќе жени одлучуваат да ја прифатат својата седа коса, која им станува заштитен знак. Истражуваме каква нега бара седата коса.

Седата коса е многу повеќе од бели влакна. Таа е своевиден потег на моќ кој зборува за карактерот и храброста на жената. Седата коса со децении ја носеше стигмата на неспособност, инертност, негрижа. Но некако ни се чини дека тоа повеќе се однесуваше за женскиот пол, бидејќи седокосите мажи се карактеризираат како шармантни и добиваат поголем кредибилитет.

Ова го потврдува истражувањето на д-р Луиз Пендри, истражувачка за родова еднаквост и предавачка на англискиот универзитет во Ексетер. Таа открила дека на женските учесници во истражувањето им било сосема удобно да вработат жена со седа коса, додека машките учесници биле помалку подготвени да го сторат тоа.

За среќа, истакнатите жени, како Кристин Лагард, претседателка на Европската централна банка, или актерката Енди Мекдауел покажуваат дека седата коса и успехот одат рака под рака.

 

Сакајќи да им ставиме крај на предрасудите дека седите жени треба да бидат отпишани додека мажите со сребрена коса се на врвот, се зголемува бројот на жените што одлучуваат да ја прифатат промената на бојата на косата под влијание на природата.

Истражувањето спроведено од „Лореал Париз“ во Англија пред неколку години покажа дека 47 проценти од жените ја прифаќаат својата седа коса, додека „Вела“ откри дека секоја трета жена има природно седа коса. Глобалниот пресврт на одбивањето да се бојадиса седата коса е видлив и на социјалните мрежи. Повеќе од 2,7 милиони жени ги споделија своите фотографии и личните приказни за растењето на природната седа коса на Инстаграм под хаштагот #silverhair.

Сетете се на Сара Џесика Паркер, која гордо ги покажа своите бисерни корени на фотографија со колешките од серијата „Сексот и градот: И само така…“. Тука е и 56-годишната инфлуенсерка Грис Ганем, која призна дека седите влакна почнале да ѝ растат веќе во доцните дваесетти години.

По некое време одлучив да ги прифатам. Сосема спонтано, изјави Ганем.

 

Како личен тренер, водам многу активен животен стил – сакам да пливам и вежбам – и не сакав да поминувам часови во салонот за убавина на секои неколку недели обидувајќи се да го прикријам израстокот. Иако првично правев платинести прамени за покривање на потемните сиви, мојата коса речиси цела деценија е сто проценти природна, додаде овој поранешен микробиолог со околу половина милион следбеници на Инстаграм.

ВИЕ ЈА ДЕФИНИРАТЕ ВАШАТА УБАВИНА

Но психолошката транзиција кон природниот изглед не е секогаш лесна. Многу жени сведочат дека сè уште чувствуваат притисок од пријателите и семејството кои се „заглавени“ во застарениот начин на размислување.

Сите не ја разбираат мојата одлука, но тоа е во ред. Можеби сум стара, но и тоа е во ред. Се гледам и не се чувствувам запустено. Тоа едноставно не е вистина, напиша една инстаграм-корисничка на Grombré, профил што ги слави жените кои го покажуваат својот сед корен (исто така познат како сиво омбре).

Како што растат седите влакна, така растете и вие, сфаќајќи дека седата коса е уште еден плод на вашата зрелост и самољубието. Бидете трпеливи со себе (исто како што мора да бидете трпеливи со растот) и запомнете дека само вие ја дефинирате вашата убавина. Ако одлучите да го прифатите трендот на сивата коса, мора да знаете дека на вашата „нова“ боја сè уште ѝ треба грижа.

Згора на тоа, експертите посочуваат дека сивата коса понекогаш бара повеќе внимание од она на што сте навикнати, дури и ако сте биле редовен посетител на фризерскиот салон, во тој незгоден преоден период. За да ви помогнеме вашата седа коса да блесне со бисерен сјај, побаравме совет од познатите фризери: Гроздана Беланчиќ и Иван Перван.

Зошто седата коса бара посебна нега?

„Седата коса бара посебна нега бидејќи ја изгубила природната еластичност. Таа често е вкочанета, дехидрирана и нема сјај, а жолта на краевите“, вели Беланчиќ. Затоа Перван советува при изборот на производи за миење и нега на седата коса, да изберете препарати специјализирани за непослушна и сува коса.

„Главниот недостиг на природно седата коса е дехидрацијата, па затоа е клучно да ѝ се вратат влажноста и мекоста со навлажнувачки производи, од шампони, до регенератори, до маски и масла и производи за заштита од топлина.

Серум со масло од арган Lakme, Bio Argan Oil (1.190 ден. shop.depileve.mk)

Кој шампон да се избере?

„Шампонот за прочистување би им го препорачала на оние чија коса се мрси, или го изгубила својот сјај, како и на оние што користат многу производи за обликување и зајакнување на косата, додека шампонот со виолетови пигменти најмногу ќе одговара на секој што сака да ги неутрализира жолтите пигменти и да ја задржи убавината на пепелестиот тон“, советува Беланчиќ.

Зацврстувачка маска против кршење на кревка коса L`Oreal Professionnel Serie Expert Inforcer (1.900 ден.)

Регенератор, маска или масло?

И двајцата се согласуваат дека колку повеќе косата има седи влакна, толку е посува и подехидрирана, па затоа ѝ треба многу хидратација.

Шампон против стареење на косата Revalid® Anti-Aging

Затоа на жените со седа коса им се советува редовно да користат хидратантна маска и регенератор кој не се одмива, а оние со екстремно сува коса еднаш или двапати месечно да користат третман со масло.

Флуид против стареење на косата Revalid® Anti-Aging

Дали е потребна деколоризација?

За подобро да се приспособат на седата коса и да ја направат транзицијата што е можно помалку видлива, некои жени се одлучуваат за третман за деколоризација, односно отстранување на природниот пигмент.

Концентриран лосион за зголемување на масата на косата Vichy, Densisolution (3.118 ден.)

„Во зависност од бојата од која се добива сивата боја, се приспособува количеството на промената на бојата и тонирањето“, вели Беланчиќ, додавајќи дека потемните бои бараат подолга обработка.

Како се негува коса бојадисана во сиво?

„За разлика од природно седата коса, која првенствено бара хидратација, обоената коса има потреба од дополнителна нега за да ја задржи бојата стабилна и сјајна“, вели Перван.

Затоа, Беланчиќ советува да се грижите за обоената сива коса на ист начин како за косата обоена во руси тонови: „Изберете препарати за обоена (руса) коса или за сува и оштетена коса доколку вашата коса има потреба од дополнителна нега.

Спреј за заштита на косата од топлина Lakme, k.style i-TOOL (720 ден.)

Дали треба да се смени фризурата?

„Кога влегуваат во менопауза, косата на повеќето жени станува поретка, па затоа на жените кои имаат седа коса секогаш им препорачувам да се потстрижат за полесно да се средат“, вели Беланчиќ.

„Седата коса најдобро доаѓа до израз во варијантите на боб-фризурата, а доколку претпочитате долга коса, пожелно е повремено да ја стилизирате со термички уред за да добиете текстура и волумен“, додава Перван, објаснувајќи дека сивата коса е попогодна за кратка, средна, степенеста фризура.

Текст: Ј. Стојменовиќ

Фото: Getty Images, Pinterest, PR 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.