Жешките фотки од одморот го одземаат здивот: Цеца можеше да биде на местото на Јована, но кармата ја спречи во тоа (ФОТО)

Апсолутно романтично

Поранешното момче на Цеца Ражнатовиќ во прегратките на својата нова голема љубов.

И по раскинувањето на врската со балканската ѕвезда, познатиот белградски менаџер сè уште го нарекуваат поранешно момче на Цеца Ражатовиќ, а интересот на јавноста за љубовниот живот на Богдан Срејовиќ не опаѓа бидејќи важи за голем заводник.

Многу дами не можеа да му одолеат на неговиот шарм, а по врската со пејачката, беше во кратки врски со вистински убавици, но веќе подолго време е емотивно исполнет и ужива во романса со мисицата Јована Љубисављевиќ, која стана позната за пошироката јавност со учеството во реално шоу „Задруга“ и врската со Стефан Кариќ, кој е обвинет за физичко насилство од страна на Наташа Шавија (повеќе информации можете да прочитате ТУКА).

На нејзината убавина и извајана фигура не остана имун ниту бившиот дечко на Цеца, кој очигледно сè повеќе ужива во времето поминато со неа, а секој слободен момент го користат да патуваат надвор од Белград и целосно да се посветат еден на друг.

А сега заедно заминаа на одмор, од каде што споделуваат слики кои ги „запалија“ социјалните мрежи, а многумина коментираат дека одлично си одговараат, пишува „Стори“.

Романтичните кадри од плажа говорат дека љубовниот живот на Богдан Срејовиќ сега е мирно засолниште, дека тој е исклучително среќен и исполнет во тој поглед, а не би нè изненадило ако парот наскоро ја подигне врската на повисоко ниво.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bogdan Srejovic (@bogdansrejovic)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.