Се појави фотографија: Стефан Кариќ со лисици откако беше обвинет за насилство врз Наташа Шавија (ФОТО)

Фотографијата од ријалити-учесникот предизвика лавина коментари.

Целата јавност се потресе откако старлетата Наташа Шавија го обвини поранешниот учесник во реалното шоу „Задруга“, Стефан Кариќ, дека ја претепал.

Имено, инцидентот се случил ноќта помеѓу 30 април и 1 мај, а поради тешките физички повреди, старлетата завршила во болница. Таа објави сè на својот инстаграм-профил, а моментално е во Централната болница во Војводина, каде што ја чека операција, додека Кариќ од таа вечер се води како исчезнат.

Вознемирувачки фотографии: Старлетата Наташа Шавија претепана од поранешниот „задругар“ (ФОТО)

Додека сите се прашуваат што се случило со Стефан, неговиот татко Осман секојдневно се огласува на социјалните мрежи, каде што објави видео кое предизвика многу коментари.

Имено, контроверзниот бизнисмен на својот инстаграм-профил објави еден видеоклип на Стефан настанат за време на неговото учество во „Задруга“.

На него го гледаме Кариќ во облека со пруги и лисици, како глуми затвореник, а Осман во описот напиша:

Она кога сам ќе се избаксузираш.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.