„Жена од султана“ проговори за својата агонија: Ме удираше со тупаница по лицето… Сега уживам во нова љубов (фото)

Стоп за насилството!

Нова љубов, нова надеж…

Многу познати дами претрпеле тортура од своите момчиња или сопрузи, една од нив е Тијана Милентијевиќ која не се срами да зборува за своите трауматични искуства.

Пред нешто повеќе од две години, Тијана Ем, позната како „Жена од султана“, мина низ пекол поради нејзиното тогашно момче.

„Тој сигурно си имал причина во главата, но во реалноста немаше мотив. Знам дека ниту едно насилството не е оправдано, особено врз жените. Беше страшно, навистина. До сега не ги откривав деталите, но се чини дека дојде време. Ме удираше со тупаница по лицето, ми удри шлаканица. Не ми беше важно дали сум модра или не, само сакав да останам психички стабилна“, истакна Милентијевиќ.

После тие немили настани на пејачката и требаше долго време да закрепне, а сега ужива во новата љубовта со Вук Моб.

„Вук ме контактираше на Инстаграм, потоа малку разговаравме и неколку пати излеговме заедно. Следуваше врска, се надевам дека ќе трае, сега навистина ни е убаво. Заедно сме само еден месец, среќна сум и тоа ми е најважно“, изјавила Тијана и открила со што раперот и го освоил срцето.

„Има шарм, многу е добро и културно момче, се однесува прекрасно со мене, што ми е најважно“.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.