Совршени за празнична трпеза, појадок, вечера… МИНИ-ПИТИ кои ќе ги подготвите за 5 минути (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Како порано не го знаевме овој рецепт...

Со малку пари ќе добиете многу!

Питите со сирење и спанаќ се популарен избор за љубителите на пециво, а во комбинација со лиснато тесто – добиваме магија на дело. Овие сочни мини-пити се многу лесни за подготовка, а во комбинација со јогурт можат да бидат идеален појадок или вечера за целото семејство. Покрај тоа, можете да ги послужите и на празничната трпеза.

Состојки:
5 листови лиснато тесто
2 лажици сончогледово масло
200 гр варен спанаќ
1 лажичка сол
1/2 лажичка бибер
Дробено сирење, по вкус

Подготовка:
Одмрзнете го лиснатото тесто на собна температура. Тестото исечете го во форма на кругови, доволно големи за да ги наполните корпите во калапот за мафини. Во сад измешајте сварен и добро исцеден спанаќ, сончогледово масло, сол и бибер, па добро измешајте.

Калапот за мафини намачкајте го со путер, ставете го тестото, па во секоја корпа од лиснато ставете го филот. Одозгора посипете рендано сирење.

Печете околу 20 минути во рерна загреана на 180 степени.

Добар апетит.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.