Појадок за здрав црн дроб: Многу е лесен, а ќе му даде огромна енергија на телото!

Јадете го двапати неделно

Секогаш кога се двоумите што да појадувате, експертите препорачуваат овесна каша

Најдобро ќе забележите дека црниот дроб не работи како што треба ако чувствувате хроничен замор, ако здравјето ви е лошо, ако често имате горчлив и метален вкус в уста или имате жолта наслага на јазикот…

Ако постојано се прејадувате или јадете нездрава храна, пушите и пиете алкохол или земате јаки лекови, можно е да го изложувате црниот дроб на дополнителен напор.

Експертите се сигурни дека црниот дроб може да закрепне ако секој ден јадете овесна каша за појадок.

Рецепт за каша што го подобрува здравјето на црниот дроб:
  • 1 чаша овесно брашно – овесот ја блокира апсорпцијата на штетните материи и ја забрзува елиминацијата на токсините. Го олеснува процесот на варење и му ја дава потребната енергија на телото.
  • 20 до 40 г тиква (исечкана на коцки) – ги обновува клеточните структури на црниот дроб и го подмладува. Помага за прочистувањето на сите органи. Јадењето свежа тиква на празен стомак ја подобрува функцијата на желудникот и дигестивниот тракт.
  • Грст суво грозје (добро измиено и раздвоено) – ја оптимизира функцијата на црниот дроб и помага при обновување на клетките.
  • Бадеми (по желба) – го нормализираат црниот дроб.
Приготвување:

Ставете ги сите состојки во мало тенџере. Додајте вода или млеко, па оставете да зоврие. Може да додадете и малку сол. Кога ќе зоврие, тргнете го од рингла, поклопете и оставете да отстои малку.

Се препорачува оваа каша да се приготвува два до три пати неделно. Брзо се апсорбира. Дава леснотија, енергија и го отстранува непријатниот плак од јазикот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.