Зошто е добро да јадете пивтија? Ова е единствениот начин да ја добиете состојката што лекува сè, од глава до пети!

Особено е добра за жените!

Пивтиите се чист желатин, а желатинот значи колаген, додека колагенот значи младост!

Постои причина зошто нашите предци со задоволство приготвувале и јаделе пивтија! Пивтијата е полна со желатин, односно форма на колаген извлечен од кожа, коски и ‘рскавици од животинско потекло.

Желатинот се користи за слабеење, бидејќи го намалува апетитот, го зголемува чувството на ситост и така може да ви помогне да ослабите.

Познато е дека желатинот се користи во случај на болка во коските или проблеми со болки во зглобовите.

Желатинот има широка примена во козметичката индустрија, бидејќи е основната состојка во антирид-кремовите и препаратите против стареење. Поради недостиг од колаген, се случуваат многу промени во организмот, а тие прво се забележуваат на кожата и косата. Со стареењето, на организмот му опаѓа способноста да синтетизира колаген, па влакната во кожата ја губат еластичноста и се создаваат брчки. Стареењето не може да се спречи, но може да се ублажат неговите последици. Колагенот ја врзува водата и така ја намалува дехидрацијата на организмот и на кожата.

За да ние пиете желатин или колаген по цел ден, пробајте оваа зима да јадете пивтија.

Рецепт за говедска пивтија од нозе

Пивтиите кај нас генерално се прават од свински нозе, бидејќи тие се најдостапни на пазарот, но говедските пивтии, секако, се приготвуваат од говедски нозе. Принципот е ист, важно е да имате нозе што се добро измиени и исчистени и да ги ставите да се варат во најмалку 5 литри вода. Кога ќе зовријат, пената што се создава на површината се отстранува со лажица. Кога нема да има веќе пена, се додаваат зрна бибер, лавров лист, сол, магдонос и се вари додека месото се одвои од коските. Треба да изврие половина од водата и да биде леплива. Никако не долевајте вода.

Отстранете ги насобраните маснотии на врвот со лажица, извадете го месото и ставете го во садовите каде што сте планирале да ја сипете сварената течност. Потоа, сипете ја процедената течност преку месото, додајте ситно сечкан лук и посипете со мелен бибер. Оставете ги садовите со пивтијата на ладно место, за да се стегне смесата и послужете ја како предјадење.

Во Југославија овие јадења се сметале за специјалитети, поради нив се одело во ресторани – денес луѓето не би го ни пробале ова!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.